Македонија
(Видео) Невладините до верските заедници: Колку деца ќе роди жената е нејзин избор

На расправата за законот за абортус за поголемиот дел од невладините организации за женски и родови права беа прифатливи измените на законот со кој се либерализира правото на абортус. Со него се дава можност жената да може да ја прекине бременоста од 12. до 22. недела, а по 22. недела со мислење на комисија.
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет рече дека конечно со ова се укинал еден драконски закон и потсети на, како што кажа, штетните последици од кампањата за антиабортус што ја водела претходната власт. Таа го поддржа и спречувањето на верските заедници да се мешаат во работите на законодавниот дом, откако нивни претставници и попови беа спречени да влезат на расправата за законот за абортус.
„Жени кои се одлучуваа на абортус беа нарекувани чедоморки. За кампањата и оние страшни спотови кои се вртеа на МТВ беа потрешени 36 милиони денари. Жените го гледаа лекарот кој по абортус кажуваше – штотуку убивте еден живот, а можеше да израсне во прекрасно момче. Ова беше дискриминирачки, се кршеа сите права на жената. Драго ми е што не дозволивте да се вмешаат верски заедници во носењето на законот. Ова е секуларна држава, тука се носат закони, црквите нека си носат нивни закони. Ако сакаат нека ме тужат, но ќе речам – Господ секогаш бил најголем непријател на жената“, рече Пировска.
Законското решение е прифатливо и за пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Таа ги повика пратениците од опозицијата да дадат поддршка на законот.
„Не сум била пратеник кога се носел законот во 2013 година. Но, сега имам можност да поддржам едно решение со кое не им се одзема правото на жените да станат мајки, но и да ја прекинат бременоста доколку не се во можност да го родат тоа дете или од друга причина. Немам точни бројки, но слушнав дека е голем бројот на жени кои токму поради законски пречки абортирале во странство или пиеле непроверени таблети од странство“, посочи Рангелова.
Но, има и такви кои не се согласуваат со законот, меѓу кои и Светлана Јованова од организацијата „Срце што бие“. Таа бурно реагираше и кажа дека со законот се поддржува зло, се убива живот и се труматизира жената.
„Им го одземате животот на неродените деца. Ова ли е животот што го ветувавте? Наместо да се борите тоа дете да се роди и да се даде на посвојување, вие ја упатувате жената веднаш на абортус. Како ќе ја советувате жената што треба да абортира во 20. недела, ќе кажувате дека ќе вадите орган по орган на бебето. Жално е што правите ова“, реагираше Јованова.
„Имам 16-годишен син и го родив на 25 години додека другарките излегуваа по дискотеки, но тоа е мој избор. Немам ќерка, но другите кои имаат треба добро да размислат и да го поддржат законот“, реплицираше на ова Рангелова.
Со новиот предлог-закон, на жената ќе ѝ бидат овозможени комплетни, објективни и точни информации за начинот на изведување на интервенцијата, а одлуката за прекин на бременоста, пациентката ќе има можност да ја донесе свесно, без принуда и врз основа на објективни информации, стои во предлог законското решение. Според него, веќе нема да има потреба да чека три дена за да биде спроведена интервенцијата и нема да биде принудена да објаснува зошто сака да ја прекине бременоста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина.
Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од учество во мировни мисии до помош на граѓаните во кризни состојби и затоа ужива највисока доверба меѓу граѓаните.
Според неа, иако безбедносните предизвици наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, тие мора да бидат насочени не само во вооружување, туку и во јакнење на институциите, инфраструктурата, науката, образованието и здравството.
Како можни долгорочни проекти, таа ги посочи изградбата на НАТО клинички центар, Центар за обука на обучувачи на полигонот „Криволак“ и Развој на локалната одбранбена индустрија.
Во обраќањето, претседателката укажа на значењето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како водечка високообразовна и научно-истражувачка институција, како и на потребата од родова еднаквост и спроведување на родовиот акциски план 2025-2028.
Претседателката порача дека Армијата, иако бројно мала, е голема по дух, знаење и љубов кон татковината. Таа е способна да го штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката и да продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник.
Во рамките на централната свеченост Сиљановска-Давкова со Орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери.
Одликувањето беше доделено за извонредните успеси во организацијата и реализацијата на обуката на питомците и кандидатите за офицери, како и за стратешкиот и долготраен придонес во јакнењето на одбранбената способност преку вложување во образованието и едукацијата. со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
На свеченото одбележување на Денот на Армијата, признанија им беа врачени и на прворангираните потпоручници и водници. Со ова, тие се стекнаа со правото да ги носат првите офицерски и подофицерски чинови.
Македонија
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Меџити: За една година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.