Спорт
Над 40 милиони Кинези го гледаа деби голот на Ву Ли за Еспањол (видео)

Повеќе од 40 милиони Кинези го следеа мечот на од шпанска Примера меѓу Еспањол и Валјадолид, победа на Еспањол од 3-1. На мечот Кинезот Ву Ли постигна дебитантски погодок.
Зимското засилување на помалиот клуб од Барселона кој дојде од кинескиот шампион Шангај СИПГ за само два милиони евра викендов го постигна првенецот во Примера. Шпанска „Марка“ пишува дека во Шпанија мечот го погледнале 177.000 фудбалски вљубеници, но во Кина владее голема заинтересираност за мечевите на Еспањол.
„Задоволен сум што луѓето мислат дека сум таличен за Еспањол. Ќе ми треба време да се прилагодам, голема е разликата во однос на Кина, но уверен сум дека ќе бидам успешен“ – рече Ли.
Тој е првиот Кинез кој негогаш постигнал гол во Ла Лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФБИ го упаси играчот на Мајами, Тери Розир

Новата НБА сезона, започнаа скандал, во центарот на вниманието е кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер. Мајами сезоната ја почна со пораз во дербито на Флорида. Хит загубија во Орландо со 121.125.
Розир е уапсен од ФБИ како дел од истрагата за спортско обложување, објави Шамс Чаранија.
Розир е под истрага за можна вмешаност во нелегална шема за спортско обложување, а истрагата започна во јануари.
Сето тоа се случило, наводно, уште во 2023 година додека Розир играл за Шарлот Хорнетс.
Засега не се познати сите детали, но тоа ќе биде на прес-конференција закажана од Источниот округ на Њујорк и директорот на ФБИ, Кеш Пател, за 10 часот по локално време, кога ќе ги објави сите апсења во истрагата.
Засега се наведува дека Розир заедно со Дежонтеј Портер и „манипулирал“ со неговиот настап во НБА натпреварите, а биле забележани и големи плаќања.
Тери Розир е ветеран во НБА со 10 години искуство. Неговата најдобра сезона беше во 2022/2023, со просек од 21,1 поен, 4,1 скока и 5,1 асистенции во дресот на Шарлот Хорнетс.
Тој играше и за Бостон Селтикс, а моментално е член на Мајами Хит.
Спорт
Заврши сезоната за Марк Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе се врати на патеката дури следната сезона, потврди Дукати.
Во инцидентот на Големата награда на Индонезија, кога Марко Бецеки го исфрли од патеката, Маркез се здоби со фрактура на клучната коска и ги оштетети лигаментите.
Шпанецот, една недела пред трката во Индонезија, во Јапонија, ја обезбеди својата деветта светска титула.
Тестовите што ги спроведе Маркез во Мадрид оваа недела потврдија дека тој нема да биде подготвен за големото финале од сезоната и ќе ги пропушти последните две трки, во Портимао и Валенсија.
Покрај тоа, новиот шампион нема да биде на патеката за тестовите за следната сезона закажани на патеката Рикардо Тормо на 18 ноември, два дена по последната трка од сезоната.
Спорт
Ништо од планираните милиони, Барселона се „дави“ во долгови

Откажувањето на натпреварот што Барселона требаше да го игра во Мајами со Виљареал му нанесе тежок финансиски и маркетиншки удар на каталонскиот клуб, кој веќе ги започна подготовките за патување во САД.
Натпреварот беше планкиран како промотивен на шпанската Ла Лига и шпанскиот фудбал во Северна Америка, поради што лигата силно го поддржа неговото одржување.
За Барселона, средбата претставуваше важен стратешки чекор во зајакнувањето на нејзиното присуство на американскиот пазар, со конкретни продобивки во делот на финансиите и имиџот на клубот.
Ова требаше да биде важен финансиски поттик за Каталонците, кои со години се во проблеми и им должат речиси 160 милиони евра на други клубови за трансфери, а доколку не платат 140 до крајот на сезоната, нема да можат да носат и регистрираат нови засилувања.
Според проценките, Барселона би можела да заработи помеѓу пет и шест милиони евра од организаторите на настанот, иако точната сума не беше утврдена бидејќи зависеше од неколку фактори.
Еден од нив беше приходот од продажба на билети.
До моментот на откажувањето, околу 70.000 билети беа резервирани за натпреварот на стадионот „Хард Рок“, што би претставувало историски рекорд за интерес за фудбалски дуел во тој објект.
Сè укажуваше на распродаден стадион и спектакл што ќе привлече внимание низ целите САД. Покрај приходите од билети, клубот сметаше и на приходи од промотивни активности на спонзорите.
Главниот партнер на Барселона, „Spotify“, веќе планираше серија маркетиншки настани што ќе го придружуваат престојот на тимот во Америка.
Финансиската институција „Goldman Sachs“, со која Барселона има силна соработка, исто така покажа интерес.
Банката планираше да ги вклучи своите клиенти во серија настани, не само во Мајами, туку и во Лос Анџелес, Њујорк и Сан Франциско.
Сите овие активности заедно би можеле да му донесат на клубот значителна економска корист, иако помала од онаа што би била обезбедила со играњето на натпреварот. Од спортска страна, натпреварот би донел и одредени предности за Барселона.
Наместо да гостува кај Виљареал на стадионот „Ла Серамика“, тимот би играл на неутрален терен.
Сепак, оваа „неутралност“ би била само формална, бидејќи организаторите очекуваа дека најголем дел од гледачите би биле навивачи на Барселона.
И токму овој фактор беше главниот повод за големиот протест на играчите и клубовите од Ла Лига, особено од редовите на најголемиот ривал Реал Мадрид.
„Тоа е јасно кршење на правилата на натпреварувањето. Сите тимови нема да се натпреваруваат во исти услови“, коментираше 33-годишниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, по најавата за натпреварот во Мајами.
Поради притисокот од јавноста, Ла Лига го откажа спектаклот во Мајами.