Свет
Хилари Клинтон нема намера да се кандидира на нови избори

Поранешната државна секретарка и противкандидатка на Доналд Трамп на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, за првпат во понеделникот ја отфрли можноста да се кандидира на изборите во 2020 година, во интервју за локалната њујоршка телевизија „Њуз 12“.
„Нема да се кандидирам, но ќе продолжам да говорам и да го бранам она во кое верувам“, рече Клинтон, која загуби во 2016 година на претседателските избори од актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп.
„Не одам никаде. Она што е во игра во нашата земја, она што се случува во овој момент, длабоко ме вознемирува“, кажа поранешната државна секретарка (2009-2013).
Клинтон веќе се сретна со демократите кои имаат намера да се натпреваруваат за Белата куќа 2020.
„На секој од нив му кажав да не зема ништо како готово, иако имаме долга листа на вистински проблеми и ветувања кои оваа администрација не ги исполни, кои треба да се истакнат“, објасни Клинтон.
Прашана дали има намера да врши нови јавни функции, таа не сакаше јасно да ја исклучи таквата можност.
„Мислам дека не, но ми се допаѓа да живеам во Њујорк и јас сум крајно благодарна што имав можност да бидам сенатор осум години и да работам со луѓе од сите краеви на земјата“, изјави поранешната њујоршка сенаторка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
На пропалестинските протести во Женева употребени солзавец и водени топови, повредени пет полицајци

Швајцарската полиција денес објави дека пет полицајци се повредени во Женева во судири со пропалестинските демонстранти, на кои службите за итни случаи одговорија со солзавец и водни топови.
Првично мирниот протест во поддршка на флотилата за Газа, кој собра околу 3.000 учесници, го запре сообраќајот во центарот на градот и стана насилен доцна синоќа.
Ваквите судири се ретки во Швајцарија, иако протестите за Газа станаа почести. Израелското пресретнување на флотилата предизвика протести во Женева, Цирих и Берн, како и во Италија и Колумбија.
Полицијата денес соопшти дека едно лице е уапсено и дека е покрената истрага откако петмина од нивните полицајци биле повредени.
Портпаролот на полицијата вчера изјави дека се потребни солзавец и водени топови за смирување на немирите, како и дека демонстрантите фрлале предмети и предизвикале материјална штета.
Фото: ЕПА
Регион
На средбата со Путин, Додик ги нарече Германците примитивци од Западот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, повторно побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин, а откако двајцата се сретнаа во Сочи синоќа, изјави дека ја добил и дека смета на Москва да продолжи да биде негова силна поддршка.
На снимките прикажани од јавниот сервис на РС (РТРС), можеше да се слушне како Путин го нарекува Додик претседател иако остана без мандатот на прв човек на РС уште во август, откако беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник.
Додик пристигна во Сочи на Валдај форумот, каде што Путин беше главен говорник.
„Знам дека ситуацијата во вашата земја и регион не е едноставна, може да се каже дека е комплицирана“, сè уште можеше да се чуе како Путин му вели на Додик пред да престане снимањето.
После тоа, Додик изјави за RTRS дека разговорот со Путин бил „многу отворен и фер“ и дека го повикал да „не го изоставува Балканот“ во разговорите со другите важни партнери, особено САД, и да не дозволи Германците да ја контролираат ситуацијата таму бидејќи, како што рече, тие не се на страната на Србите.
Додик ги нарече Германците, како и претставниците на другите влијателни земји што се занимаваат со Босна и Херцеговина, „исплашени примитивци од Западот“. Затоа, тој се потпира на Русија како можен коректив и верува дека сегашното претседателство на Русија со Советот за безбедност на ООН ќе биде корисно за неговите политички цели.
Фото: ЕПА
Европа
(Видео) Украинците нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на 1.700 километри од фронтовската линија

Украинските беспилотни летала синоќа ја нападнаа хемиската фабрика „Азот“ во рускиот Пермски регион, на повеќе од 1.700 километри од украинската граница, потврди регионалниот гувернер Дмитриј Махоњин, објави „Киев Индепендент“.
💥Russian "Uralchem Azot" plant in Berezniki, Perm Krai, was hit — around 1,600km from the frontline, one of the longest-range strikes so far. It’s among Russia’s biggest fertilizer producers, making ammonia, urea and ammonium nitrate.
These chemicals also serve in explosives… pic.twitter.com/33hqqUYZzi
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 2, 2025
Нападот привремено го запре производството во фабриката, која е меѓу најголемите руски производители на азотни ѓубрива, но е и клучен снабдувач на хемикалии што се користат во земјоделството и експлозиви.
Фабриката „Азот“, која се наоѓа на границата помеѓу европскиот и азискиот дел на Русија, произведува амонијак, уреа, амониум нитрат и други хемиски соединенија. Минатата година, компанијата пријави рекордно производство од повеќе од 2,3 милиони тони производи.
Ukrainian drones reportedly struck the Azot chemical plant in Berezniki, Perm Krai overnight. A short disruption to production was confirmed by local authorities. Explosions were heard near the facility, which stores ammonium nitrate. https://t.co/LXcOQYPwpJ pic.twitter.com/3tBuy6Pq46
— WarTranslated (@wartranslated) October 3, 2025
„Според најновите информации, нападот со непријателски беспилотни летала бил извршен ноќе… Имало краток застој во технолошкиот циклус во ‘Азот’“, изјави гувернерот Махоњин.
„Специјалистите за итни служби продолжуваат да работат на местото на настанот, а формиран е и оперативен штаб“.
фото: принтскрин