Европа
Нови правила за социјалните мрежи на кралското семејство

Британското кралско семејство објави насоки за однесување за сите посетители на официјалните профили на членовите на социјалните мрежи, со напомена дека ќе бидат блокирани сите оние кои ќе остават навредливи коментари под содржините што се објавуваат.
Коментарите на профилите на Кларенс хаус, Кенсингтонската и Бакингамската палата може да бидат скриени, избришани, па дури и пријавени во полиција, се наведува во новиот правилник за однесување на корисниците на социјалните мрежи, објави Би-би-си.
Како што е наведено, овој потег следува по извештаите дека техничкиот персонал во британскиот двор се бори со зголемена злоупотреба на содржините што се однесуваат на Кејт Мидлтон и Меган Маркл, иако тие сè уште немаат свои лични профили на социјалните мрежи.
Меган Маркл имаше профили на социјалните мрежи, но ги деактивира минатата година, пред да се омажи со принцот Хари.
На официјалните твитер-налози војводата и војвотката од Кембриџ, односно војводата и војвотката од Сасекс имаат околу 1,7 милиони следбеници, додека на „Инстаграм“ имаат 7,1 милиони.
Кралското семејство има 3,8 милиони следбеници на „Твитер“, 4,5 милиони на „Инстаграм“ и 4,8 милиони следбеници на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Блиска сојузничка на Орбан ги плаши Унгарците со влезот на Украина во ЕУ: објави снимка од маж врзан во багажник

Унгарската опозиција го осуди видеото објавено од Александра Сенткираљи, блиска сојузничка на премиерот Виктор Орбан.
Сенткираљи објави видео на „Фејсбук“ на кое се гледа маж врзан во багажникот на автомобил, додека Сенткираљи зборува за наводното зголемување на заканите поврзани со трговија со луѓе, шверц со дрога и трговија со органи доколку Украина се приклучи на Европската Унија.
Подоцна се дозна дека човекот на видеото е вработен во канцеларијата на унгарскиот премиер.
Until yesterday, Fidesz Party had only one well-known female politician. But no longer.
Alexandra Szentkirályi was someone you could either like or dislike. You could agree with her or criticize her.
One thing is certain: as of today, Alexandra Szentkirályi has no place in… pic.twitter.com/MeA99i3QyD— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeter102) June 14, 2025
Ференц Геленчер, пратеник од опозицијата од партијата Моментум, изрази негодување поради видеото и најави дека ќе поднесе полициска пријава против Сенткираљи. Тој тврди дека лагите што би можеле да го загрозат јавниот ред, да шират опасни шпекулации или да сугерираат закани за јавната безбедност се кривични дела.
„Како некој може да биде толку глупав за вака да напаѓа земја во која живеат и Унгарци?“, рече Геленчер повикувајќи ја Сенткираљи да го избрише видеото.
Сенткираљи му беше портпаролка на Орбан од 2020 до 2024 година. Минатата година таа објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Будимпешта како претставник на владејачката партија, но подоцна ја повлече својата кандидатура во корист на друг технички кандидат поддржан од Орбан.
Орбан неодамна повтори дека Украина не треба да биде примена во Европската Унија тврдејќи дека земјата е домаќин на измамници што ги лажат Унгарците и заработуваат пари наводно дејствувајќи од украинска територија. „Украина е опасна земја“, нагласи Орбан.
Европа
Руските медиуми за војната меѓу Иран и Израел: Ова е нашата стратешка можност

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира во насловите на руските весници, а многу коментатори во Москва ја гледаат ескалацијата на Блискиот Исток низ призмата на сопствените геополитички интереси, пишува дописникот на Би-би-си за Русија, Стив Розенберг.
„Колку и да звучи цинично, овој конфликт носи одредени придобивки за Русија и на тактичко ниво“, објави таблоидот „Московски комсомолец“ наведувајќи ги растечките цени на нафтата и намаленото внимание на Западот кон војната во Украина. „Киев е заборавен“, се вели во него.
Бизнис-дневниот весник „Комерсант“ оди чекор понатаму: „Секоја ескалација на Блискиот Исток ги одвлекува противниците на Москва од Украина и ги менува приоритетите на западната воена помош“.
Во овој контекст, руските аналитичари сугерираат дека Москва би можела да се обиде да игра улога на непристрасен посредник – не мора да ја реши кризата, туку барем да помогне во нејзиното деескалирање. Ова, според „Комерсант“, би го зајакнало политичкото влијание на Русија во регионот.
Сепак, истиот весник предупредува дека Москва не успеала да спречи израелски напад врз Иран, земја со која потпиша сеопфатен стратешки договор пред само пет месеци. Ова фрла сенка врз нејзината вистинска моќ во регионот и го поставува прашањето колку влијание навистина може да има врз настаните надвор од постсоветскиот простор.
Европа
(Видео) Двегодишно девојче почина од струен удар во Шпанија, три деца хоспитализирани

Двегодишно девојче почина, а уште три деца беа повредени откако беа удрени од струја на трамболина на панаѓур во Алкеријас, во шпанскиот регион Мурсија, вчера рано наутро.
Според шпанските медиуми, трагедијата се случила кратко по полноќ, за време на прославите на денот на патронот на градот. Девојчето било на трамболината кога удрило струјниот удар. Таа останала во несвест, а службите за итни случаи се обидувале да ја реанимираат повеќе од еден час. Таа била прогласена за мртва во 1:16 часот наутро.
🔴 Fallece una niña de 2 años por una descarga eléctrica en una atracción de feria en Alquerías
➡️ @Nereeagm está allí en estos momentos y dará más información a las 15:00 en #La7Noticias, con @enrique_campi
🔗 https://t.co/xM2p97oBNO pic.twitter.com/j115SA8CeB
— La 7 (@la7tele) June 15, 2025
Три деца, осумгодишно девојче и две момчиња на возраст од 11 и 12 години, беа повредени во истиот инцидент. Тие беа однесени во болница од страна на членови на семејството. 29-годишна жена доживеала напад на паника и ѝ била укажана помош на местото на настанот, објави „Ел Еспањол“.
Истражителите на Цивилната гарда ја опколиле трамболината и истражуваат за да ја утврдат причината за несреќата. Полицајците земале изјави од персоналот и сведоците. Тие истражуваат дали трамболината била правилно поврзана со електричната мрежа и дали техничка грешка довела до трагедијата.
Смртта на девојчето предизвика загриженост за безбедноста на привремените саемски атракции низ цела Шпанија. Како што продолжува истрагата, се зголемуваат повиците за построги контроли и појасни прописи за електричните инсталации на вакви настани.