Македонија
(Видео) Османи: Очекувам Законот за СЈО денеска да помине на Влада
Вицепремиерот Бујар Османи најави дека на денешната владина седница очекува да помине законското решение кое се однесува на СЈО. Тој по средбата со претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, рече дека продолжуваат со реформите и исполнување на точките од планот 18, а дека државната Комисија за спречување корупција е дел од тоа.
„Денес на Влада најверојатно ќа го донесеме законот за обвинителство што го опфаќа и СЈО и ова значи дека двата система за антикорупција – обвинителството и ДКСК, се еден од клучните успеси во пресрет на препораката од ЕУ“, изјави Османи.
Претседателката Ивановска рече дека побарале помош од СЕП за нови простории за функционирање на антикорупциската комисија, а упати и апел да се достават анкетни листови на време од сите функционери.
„Нашата комисија нема законски основ да дава мислења дали постои судир на интереси во изборен процес и апел до сите министерства , единици на локална самоуправа и други субјекти да не доставуваат барања за мислење , бидејќи во иднина нема да се произнесуваме“, порача Ивановска.
Во однос на одговорноста кај функционерите на ДУИ за случаите на непотизам, Османи рече дека партијата дава максимална поддршка во борбата против корупцијата и непотизмот и ќе чекаат одлука на ДКСК да утврдат дали имало влијание при вработувањето на роднините на нивните функционери.
Од Комисијата порачаа дека до крајот на неделата е рокот до кога треба институциите да ги достават бараните документи за предметите кои веќе ги отвори ова тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

