Вести
Екс челник на CIA осуден за оддавање тајни на новинар

Поранешен челник на американската Централна разузнавачка агенција CIA прогласен е виновен во понеделникот во Александрија, во сојузната држава Вирџинија, поради одавање доверливи информации за иранската нуклеарна програма на новинар на весникот The New York Times, објави американското министерство за правосудство.
Џефри Стерлинг е прогласен виновен по девет точки од обвинението, меѓу кои и за незаконско одавање воена тајна и за попречување на правосудството, објави американското министерство.
Сојузната судијка Лено Бринкема ја објави пресудата на поротата за вината на овој 47-годишен поранешен висок челник на CIA. Стерлинг кој беше обвинет во декември 2010 година и уапсен во јануари 2011 година, беше пуштен со гаранција во очекувањето на изрекувањето на казната на 24-ти април.
Случајот се однесува на операција на CIA во Иран за која новинарот Џејмс Ризен од The New York Times пишуваше во својата книга „Воена состојба“(State of War) објавена во 2006 година.
Стерлинг од мај 1993 година до јануари 2002 година работел за CIA, беше задолжен за тајна операција за дестабилизација на иранската нуклеарна програма и за иранската воена програма од кои доверливи делови се откриени во книгата на новинарот.
„Пресудата е добра и праведна одлука“, оцени во писмената изјава американскиот министер за правосудство Ерик Холдер. Додава дека „откривањето на тајните податоци ги загрозило операциите за заштита на националната безбедност на Америка. Одавање информации загрози животи. Тоа е срамотно поткопување на довербата на јавноста во некој кој положил заклетва дека ќе ја почитува“.
Пресудата претставува обеда за министерството за правосудство кој за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама против владини функционери подигна рекорден број обвиненија за неовластено оддавање информации.
Новинарот Џејм Ризен, добитник на престижната американска Пулицерова награда за новинарство, публицистика и литература, со години се обидување да го избегне сведочењето во овој случај, што обвинителите го бараа од него. Министерството за правосудство на 13-ти јануари сепак одлучи дека новинарот не мора да сведочи./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.