Македонија
Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура

Независниот кандидат Блерим Река ги собра потребните потписи за кандидатурата за претседател на државата.
„Ве информираме дека независниот кандидат, проф. д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија. Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура“, се вели во соопштението од изборниот штаб на Река.
Од таму им се заблагодаруваат на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање потписи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани кој се лекуваше во Белград

Македонија
Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше, сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше, утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека во истрагата за пожарот се опфатени 10 полициски службеници. Шестмина добија мерки за претпазливост, а тројца од осомничените се претходно обезбедени.
Македонија
Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари работна средба со претседателството на ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на која беше детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година.
Меџити ја истакна важноста на локалната самоуправа како столб во реализацијата на клучни инфраструктурни и образовни проекти поврзани со животната средина.
Преку Програмата за 2025 година, Министерството обезбедува 229 милиони денари, од кои најголемиот дел се наменети за поддршка на водоводна и канализациона инфраструктура – области каде што голем број општини сè уште се соочуваат со сериозни предизвици.
„Општините се нашите најважни сојузници на терен. Тие најдобро ги познаваат локалните проблеми и потреби, и затоа сакаме директно да ги поддржиме со средства за решавање на тие предизвици“, истакна министерот Меџити.
Во рамки на средбата, беа презентирани и критериумите, постапките за аплицирање и поддршката што Министерството ја нуди за успешно подготвување и спроведување на проектите. Беше потенцирано дека секоја општина може да аплицира со еден или повеќе проекти, и дека се охрабруваат и заеднички регионални иницијативи.
Претставниците на ЗЕЛС изразија подготвеност за активно информирање и ангажирање на општините-членки, како и интерес за одржување дополнителни информативни сесии и работилници во наредниот период.
Конкурсот е отворен до 29 април, а сите информации, критериуми и апликациски обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството.