Регион
Турција крена борбени авиони поради новиот министер за одбрана на Грција
– Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос над островот Имиа
Новиот министер за одбрана на Грција кој доаѓа од помалиот коалициски партнер во владата, националистичката партија Независни Грци, го принуди стариот ривал Турција во петокот да ги крене борбените авиони, бидејќи само неколку дена по преземањето на должноста прелета над ненаселените островчиња близу турскиот брег, поради кои во 1996 година за малку ќе избувнеше војна меѓу двете земји членки на НАТО.
Новиот министер за одбрана на Грција кој доаѓа од помалиот коалициски партнер во владата, националистичката партија Независни Грци, го принуди стариот ривал Турција во петокот да ги крене борбените авиони, бидејќи само неколку дена по преземањето на должноста прелета над ненаселените островчиња близу турскиот брег, поради кои во 1996 година за малку ќе избувнеше војна меѓу двете земји членки на НАТО.
Турските борбени авиони во петокот како очигледна провокација навлегоа во грчкиот воздушен простор каде беа дочекани од грчките ловци, бидејќи новиот грчки министер за одбрана Панос Kаменос со челниците на армијата со хеликоптер леташе над островот Имиа и фрли венец во знак на сеќавање на тројцата грчки офицери кои таму загинаа во хеликоптерска несреќа, соопшти министерството за одбрана на Грција.
Во 1996 година, меѓу Грција и Турција изби сериозна криза поради спорот за територијалната надлежност вез островите Имиа во Додеканскиот архипелаг во Егејското Море. Во близина на островите, кои се на седум километри од турскиот брег, кои Турците ги нарекуваат Кардак, беше насукан брод чиј капетан побарал помош од турските власти, а не од грчките. Грција го оцени навлегувањето на турските спасувачки екипи во овие територијални води како акт на агресија.
Потоа, еден турски новинар кој исто така се истовари на островот, го симна грчкото и го постави турското знаме, а грчките воени морнари повторно го кренаа нивното знаме, додека во близина на Имиа беа концентрирани воени бродови на двете земји. Конфликтот беше запрен по интервенција на меѓународната заедница, особено на САД и на НАТО, но Грција и Турција не се откажуваат до денес од своите територијални претензии на овие води.
Последниве денови од кризата, во областа на конфликтот се урна хеликоптер на грчката морнарица, при што загинаа три грчки офицера. Како причина за несреќата беа наведени технички проблеми и замор на екипажот.
Каменос инаку ја води малата десничарска евроскептична партија Независни Грци, а инцидентот во петокот во грчките и европските медиуми се толкува како укажување дека во врска со прашањата кои не се поврзани со заедничката желба Грција да излезе од програмата за штедење, ќе има тензии во односите внатре во коалицијата со партнерот во власта – коалицијата на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас.
„Министерот за одбрана замина таму за да го покаже патриотизмот и да им одаде почест на оние кои таму загинаа. Никој тоа не го сторил последните 19 години“, изјави за медиумите портпаролката на Независни Грци, Марина Кисовелони.
Анкара, пак, децидно не потврди дека нејзините борбени авион навлегле во грчкиот воздушен простор. „Напата страна ги презема сите неопходно мерки, но нашиот воздушен простор не е нарушен, па нема потреба од реакција“, се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи дистрибуирано до тамошните медиуми./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

