Македонија
Охридската болница доби како донација специјализирано амбулантно возило
Општата болница Охрид денеска доби донација – специјализирано амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена со проект и организациска поддршка од „Руски транс“ ДОО Охрид и Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС-Балканмедиа.
Министерот за здравство, Венко Филипче, се заблагодари и истакна дека со оваа донација Општата болница Охрид ги зајакнува капацитетите и ги подобрува здравствените услови и услуги.
„Голема благодарност до донаторите за амбулантното возило, кои со личен пример покажуваат дека се општествено одговорни. Помошта е секогаш добредојдена, особено кога е во прашање здравјето на нашите граѓани“, истакна министерот Филипче.

Вкупната вредност на специјалното амбулантно возило изнесува 40 000 евра.
Директорката на Општа болница Охрид, д-р Славица Малеска-Стојадиновиќ, потенцираше дека ова е вредна донација, која за пациентите ќе значи брз и сигурен превоз до соодветното одделение или центар, а притоа уште во самото возило да биде дадена соодветната помош.
„Сакам да изразам благодарност до донаторите во име на ЈЗУ Општа болница Охрид која поради тешката финансиска состојба не може да си дозволи ваква набавка. Овој чин е од големо значење за Охрид како туристички центар, но и како регионален центар во областа на здравството“, рече директорката Малеска-Стојадиновиќ.
Во 2018 година во Општата болница Охрид се реализирани 45 нови вработувања.
Министерот Филипче ги посети и пациентите кои се лекуваат во оваа болница и ги разгледа реновираните оддели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи.
Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: Плоштад Автокоманда од 17 и 10 до 18 часот, Зоолошка градина Скопје од 18 и 10 до 19 часот и Скопје Сити мол, пред источен влез, од 19 и 10 до 20 часот.
Оваа благородна хуманитарна акција е идеја на Андреј, кој реши да контактира приватни компании, да собере средства и да направи пакетчиња со кои ќе ги израдува дечињата.


„Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз полна со пакетчиња е тука за секо детенце да го потсети дека секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите“, вели Андреј.
Инаку, низ градот Дедо Мраз може да го забележите со новогодишно украсено комбе, внатре полно со пактчиња.

„Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, оваа година десетина приватни компании донираа средства за пектчињата“, вели Андреј.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
Македонија
Охриѓани ги разбуди земјотрес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.

