Македонија
Меѓуинституционална соработка за борба против корупцијата и перењето пари
Денеска, во Владата се одржа свечено потпишување на меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.
Поддршката за зголемена меѓуинституционална соработка и за креирање на веб-алатката „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари ја дадоа педесет државни институции.
Целта на овој систем е да ја зајакне соработката помеѓу сите институции вклучени во превенција и борба против корупцијата, без притоа да поднесуваат посебно барање за да добијат одредени податоци кои и онака може да ги прибават законски. Со овој систем се очекува значително олеснување на меѓуинституционалната комуникација, а со тоа и зголемување на ефикасноста во борбата против корупцијата и перењето пари.
Потписници на овој меморандум беа и министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за информатичко општество и информации, Дамјан Манчевски, кои имаа свои поздравни говори на денешното потпишување.
Министерката за правда, Рената Дескоска, истакна дека овој систем, веб-апликација, ќе овозможи размена на податоци за известување за тримесечните извештајни периоди, без никакви дополнителни административни процедури.
„Со оваа меѓуинституционална соработка институциите корисници ќе може да следат предмети во кривична и прекршочна постапка, дисциплински постапки со кривични предмети со коруптивен елемент, иницијативи за кривично гонење. Покрај ова, институциите корисници ќе може да го следат постапувањето по предметите – како пријави и извештаи што ги поднеле, оформиле или доставиле на постапување на други институции, како што се јавните обвинителства, судовите, органите за спроведување на законот и казнено-поправните установи“, потенцира Дескоска.
Министерот Спасовски истакна дека овој систем има голем потенцијал и очекува позитивни резултати и придобивки во борбата против корупцијата.
„Политиката што ја прифаќа одговорноста бескомпромисно да ги менаџира јавните интереси, а не приватните, има шанса и можност квалитетно да ѝ се спротивстави на корупцијата. Ние сме способни за една таква борба против корупцијата дотолку повеќе што во изминатиот период успешно установивме низа нормативни и други институционални механизми, што недостигаа, а се клучни за ефикасна борба против корупцијата“, рече Спасовски.
Министерот Манчевски смета дека борбата со корупција претставува голем предизвик затоа што подразбира менување на политичката култура и културата на живеење, а дека успехот во таа борба е возможен само кога се има координиран пристап и кога сите фактори во општеството се свесни за важноста на искоренувањето на корупцијата. Според министерот, овој меморандум е уште еден пример како дигитализацијата помага во борбата со корупција.
Многу често зборувам за придобивките од новите технологии, дигитализацијата и како тие ни го менуваат животот. Една од позитивните страни на дигитализирање на процесите е отстранување на човечкиот фактор, што директно влијае врз намалување на корупцијата“, потенцира Манчевски.
Покрај Министерството за правда, Министерството за надворешни работи и МИОА, потписници на овој меморандум се и ДКСК, Јавното обвинителство, СЈО, Врховниот суд, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, сите апелациски и основи судови во земјата, Државниот завод за ревизија, Агенцијата за администрација, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за извршување на санкциите, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

