Спорт
Академија Пандев пред пласман во куп-финалето
Тимот на Академија Пандев е на чекор до пласман во своето прво финале на Купот на Македонија кога со 3:1 дома ја совлада Победа во првиот полуфинален меч.
Клубот од Струмица имаше водство од 3:0 до 80-тата минута, но прими гол за клубот од Прилеп да ги задржи шансите за пласман понатаму бидејќи сега му треба 2:0 победа во реваншот. „Академците“ постигнаа три гола за десет минути кога замената Миловановиќ даде два гола, а Велинов додаде уште еден.
Во второто полуфинале играат Беласица и Македонија Ѓорче Петров, а во првиот меч во Струмица, Македонија стигна до 1:0 победа.
Фото: ФК Академија Пандев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФА покрена постапка против Вејн Руни
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ќе мора да мирува неколку недели. Бразиелцот беше заменет во второто полувреме од натпреварот против Кристал Палас.
Дополнителните прегледи потврдиле дека Алисон мора да отсуствува најмалку шест недели.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини тренерот на Плимут, Вејн Руни за непримерно и насилничко однесување кон судиите и официјалните лица на натпреварот против Блекбурн, пренесува Би-би-си.
Руни беше исклучен во 87. минута од саботниот натпревар од деветтото коло на Чемпионшип против Блекбурн, откако протестираше сметајќи дека на израмнувачкиот гол на гостите му претходел фаул во напад.
Тој беше обвинет дека употребил навредлив јазик кон службено лице и дека неговото однесување по добивањето на црвениот картон било непримерно и/или насилно.
Тренерот на Плимут беше обвинет и за недолично однесување по враќањето на теренот по исклучувањето. Руни има рок до 15 октомври да одговори на обвиненијата.
Плимут го победи Блекбурн со гол со 90+7. минута. Тимот предводен од Руни е на 14. место во Чемпионшип со 11 бодови.
Спорт
Алисон ќе паузира шест недели
Ова е голем удар за тимот на Арне Слот, бидејќи по репрезентативната пауза Ливерпул има исклучително тежок распоред.
По репрезентативната пауза, Ливерпул го пречекува Челзи, потоа му гостува на Лајпциг во Лигата на шампионите и Арсенал во Премиер лигата. На крајот на октомври, Ливерпул ќе гостува и кај Брајтон во Лига купот, а потоа три дена подоцна го пречекува истиот ривал во Премиер лигата.
Пред ноемвриската репрезентативна пауза, Ливерпул ќе одигра два натпревара на „Енфилд“, против Баер Леверкузен и Астон Вила.
После тоа следува нова пауза од 10 до 24 ноември, па дури потоа се очекува враќање на Алисон.
Ливерпул седум натпревари ќе биде без својот прв голман.
Спорт
Убиен млад бразилски фудбалер
Нова голема трагедија го снајде бразилскиот фудбал откако беше објавено дека 22-годишниот фудбалер Рикардињо бил застрелан и убиен во Маритуба.
Членот на клубот Ремо, чие полно име е Рикардо Емануел Алкантара Паива, почина на 22-годишна возраст, заедно со уште двајца млади мажи.
Полицијата го пронашла автомобилот за кој се сомнева дека го користеле сторителите на убиството, а истрагата е во тек.
Рикардињо важеше за многу перспективен играч, кој на почетокот на својата сениорска кариера придонесе за промоција на Ремо во Серија Ц, која е трета лига во Бразил.
Неодамна тој се опоравуваше од тешката повреда што ја заработи во март 2024 година.
Веста за трагичната смрт ја соопшти неговиот клуб и со две слики се прости од својот напаѓач.