Спорт
Татран го победи Металург и ги задржа шансите за фајналфор
Словачкиот Татран Прешов не направи пропуст и лесно со 30:20 (16:11) го совлада Металург во последниот домашен меч од СЕХА-лигата за да ги задржи надежите за пласман на фајналфор-турнирот на регионалното натпреварување.
Прешов останува на петтото место во лигата со еден поен помалку од четвртопласираниот Мешков Брест и во последното коло гостува кај ППД Загреб, каде што мора да победат и да се надева дека Нексе ќе го совлада Мешков за пласман на Ф4. Вардар, Загреб и Нексе се сигурни во завршниот турнир.
Домашниот тим против Металург влезе мотивирано и по стартното водство на Металург (0:1), ја презеде контролата на играта правејќи пет гола разлика на полувремето (16:11). Разликата се оддржуваше и во второто полувреме за на крајот домашниот тим да се одмазди за поразот во Скопје (30:28) претходно оваа сезона.
Јакуб Хрстка беше најефикасен за Татран со седум гола, по пет имаа Урбан и Буторац, а кај македонскиот клуб Анте Токиќ и Димитар Димитриоски постигнаа по четири гола.
Фото: СЕХА-лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим детектирал еден проблем, сака да донесе лев вингер
Рубен Аморим призна дека го чека тешка работа, дека играчите ќе работат напорно, а навивачите ќе чекаат додека Јунајтед не почне да изгледа како што тој го замислува.
Рубен Аморим нема да отстапи од својата идеја да игра во формација 3-4-3, но за тоа му требаат врвни крилни бекови. Се чини дека Нусаир Мазрауи ја доби неговата доверба и може да биде идеално решение за десната страна, додека некако никој не верува дека Лук Шо е способен сам да ја покрие целата лева страна.
„Скај Спорт“, истакнува дека Алфонсо Дејвис и Тео Ернандез се на листата на желби на Аморим.
Дејвис на лето ќе стане слободен играч, бидејќи неговиот договор со Баерн Минхен истекува и нема да потпише нов. Сепак, проблемот е што негов сон е Реал Мадрид и што Флорентино Перез подолго време е во контакт и преговара со претставниците на Дејвис. Исто така, според шпанските медиуми во трката сака да се вклучи и Барселона, на чија клупа седи поранешниот тренер на Дејвис, Ханси Флик.
Втората опција е Тео Хернандез. Капитенот на Милан има договор со клбот до летото 2026 година. Не е тајна дека Милан сака да му го продолжи договорот на Тео, но се уште не е јасно дали истата желба ја има и францускиот репрезентативец.
Спорт
Еге Хареиде го напушти Исланд
Искусниот норвешки фудбалски стручњак Еге Хареиде поднесе оставка од селекторската функција на Исланд и со тоа стави крај на својата тренерска кариера.
„Уживав како селектор на исландската репрезентација, но мислам дека сега е вистинското време да се повлечам“, изјави Хареиде, како што беше објавено на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Исланд.
Хареиде (71) ја донесе репрезентацијата на Исланд, чиј селектор стана во април минатата година, блиску до пласман на ЕП во Германија, но загуби од Украина во финалето на плеј-офот.
Репрезентацијата на Исланд има двомеч за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации, во март наредната година против Косово.
Исланд ќе биде во третиот шешир на ждрепката за европските квалификации за СП 2026 година што ќе се одржи на 13 декември.
Како селектор на Данска, Хереиде стигна до осминафиналето на Светското првенство во 2018 година, во кое неговата репрезентација по изведувањето на пенали беше елиминирана од Хрватска.
Спорт
„Познат играч на Милан претепа девојка, имаме видео“
Масимо Гилети е едно од најпознатите ТВ-лица во Италија, често бил вклучен во разоткривање на многу скандали, па дури и мафијашки.
Тој е и голем навивач на Јувентус, а сега излезе во јавноста со информација дека „познат фудбалер на Милан претепал девојка“.
Гилети го изјави ова, ни помалку ни повеќе, туку директно во телевизиската програма Раи 3.
„Познат играч на Милан претепа девојка, имаме видео“, изјави Жилети.
Наводно, инцидентот се случил во приватен дел од познат ноќен клуб во Милано, каде парот се дружел со пријателите.
Како што истакнува Гилети, на видеото јасно се гледа како се уште неименуваниот играч на Милан ја соборува девојката на земја, а потоа ја крева од подот и ја удира.
„Видеото е испратено до нашиот уреднички тим, нема сомнеж кој е на видеото, не можете да ставате црвена боја на лицето (италијанските фудбалери секоја година го истакнуваат проблемот со насилството врз жените) и да правите вакви работи. Тоа значи дека не сте дел од овој систем“, истакна Гилети и подвлече:
„Тоа се многу сериозни снимки и решивме засега да не ги објавуваме. Ќе продолжиме да се занимаваме со овој случај“.