Забава
Само женски екипаж за прв пат во историјата во вселенска прошетка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/190306124338-01-astronauts-mcclain-koch-split-restricted-exlarge-169.jpg)
Првпат во историјата, само женски екипаж ќе замине во вселена на прошетка до Меѓународната вселенска станица, потврди НАСА, пренесува Си-ен-ен.
Како дел од експедицијата 59, астронаутитe на НАСА, Ен Меклајн и Кристина Коч, ќе ја изведат прошетката на 29 март. Ќе бидат поддржани од земја од страна на контролорот за летање Кристен Фачио од канадската вселенска агенција, која ќе биде на конзолата во вселенскиот центар на НАСА, „Џонсон“, во Хјустон.
„Токму што дознав дека ќе бидам на конзола за давање поддршка за првата женска вселенска прошетка и не можам да ја скријам возбудата“, напиша Фачио на „Твитер“.
„Како што моментно е предвидено, на 29 март ќе биде првата вселенска прошетка само на жени“, изјавила портпаролката на НАСА, Стефани Широлц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка: „Направивме ДНК-тест“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/eva-longorija.jpg)
Изгледа дека се случи некој вид семејно обединување на снимањето на четвртата сезона од Only Murders in the Building.
Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека, всушност, е во роднинска врска со познатата оскаровка.
View this post on Instagram
„Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК-тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина“, изјави Лонгорија за „Екстра“ мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Јуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.
Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата Only Murders in the Building.
View this post on Instagram
„Беше навистина, навистина забавно и се викавме ‘роднино’“, рече таа.
На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како своја роднина.
„Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум латино, а таа е – Мерил Стрип“, изјави Лонгорија.
Забава
Шварценегер објави фотографија со Сталоне: „Среќен роденден, пријателе“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/stalone-shvarceneger.jpg)
Арнолд Шварценегер му го честита роденденот на Силвестер Сталоне.
Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија објави неколку заеднички фотографии направени во текот на нивните кариери.
„Среќен роденден, пријателе. Ти си шампион и легенда. Ме инспирираш и мене и милијарди луѓе во светот“, напиша Шварценегер.
View this post on Instagram
Ѕвездата на „Терминатор“ исто така објави фотографии од него и Сталоне како длабат тикви заедно, се смешкаат на настан на Планет Холивуд и позираат во опрема од 80-тите.
Во април Сталоне и Шварценегер разговараа за ривалството претходно. Арнолд призна дека Сталоне му бил голема помош во кариерата бидејќи тие секогаш се натпреварувале. Сталоне, пак, изјави дека, конечно, имало што да го мотивира кога се појавил Шварценегер.
Забава
(Видео) Хајди Клум и нејзиниот сопруг уживаат во Венеција, папараците ги уловија во незгоден момент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-113434.jpg)
Супермоделот Хајди Клум (51) замина на одмор со сопругот, музичарот Том Каулиц (34). Парот моментно се наоѓа во Венеција, каде што се фотографирани за време на возење со гондола.
Хајди и Том не се сами на одмор. Со нив е и братот близнак на Том, Бил Каулиц, кој со нив бил на разгледување.
Папараците будно ги следеа во Венеција. Така, го снимиле моментот кога манекенката и нејзиниот сопруг се движеле кон гондолата, а Том ја тапкал Хајди по задникот.
View this post on Instagram
Хајди се јави на „Инстаграм“ од Венеција. Покрај Бил, тие во Италија го донеле и остатокот од семејството, вклучувајќи ја и ќерката на Хајди, Лени Клум, и нејзиното момче Арис Рачевски.
View this post on Instagram