Свет
Израелската морнарица подготвена да го блокира иранскиот извоз на нафта во транзит
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вели дека Израел е подготвен да ја искористи моќта на своите поморски сили – и го повика светот да им се приклучи – да ги блокира иранските нафтени испораки што ги заобиколуваат унилатерално наметнатите американски санкции против Техеран, пренесува РТ.
„Иран се обидува да ги заобиколи санкциите што му се наметнати со криумчарење нафта по морски пат. Бидејќи овие обиди зачестуваат, морнарицата ќе има поголема улога во напорите за блокирање на овие ирански обиди”, рече Нетанјаху во Хаифа во средата.
Не успевајќи да објасни како точно релативно малите поморски сили на Израел ќе ја наметнат предложената блокада против иранските танкери за нафта, Нетанјаху само нагласи дека израелските морнари се добро обучени и вешти во спроведувањето на поморските мисии против противниците.
Вашингтон ги санкционираше иранската нафтена и бродска индустрија и иранските банки во ноември минатата година, откако претседателот Доналд Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор, за што беше поздравен од Израел, но наиде на шестоки критики од другите потписници на договорот и од бизнис-партнерите на Техеран.
Сакајќи да го сведе извозот на иранска нафта на нула, САД им се заканија на глобалните купувачи на нафта со секундарни санкции. Потоа, откако притисокот не ги постигна очекуваните резултати, на неколку земји им беше одобрено посебно ослободување, а Вашингтон великодушно им одобри засега да продолжат да купуваат сурова нафта од Техеран.
Бесни поради американската тактика на малтретирање, иранските вооружени сили соопштија дека ќе ја заштитат својата флота од нафтени танкери од какви било закани што би можеле да ги загрозат испораките. Техеран е особено посветен на осигурувањето безбеден премин низ теснецот Хормуз, кој го поврзува Персискиот Залив со остатокот од светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

