Црна хроника
Автомобил удри во куќа во Кичево, тројца загинати
Три млади момчиња загинаа, а две се повредени во сообраќајка што се случи утрово во 4.10 часот на улицата „Ужичка република“ во Кичево, соопштуваат од СВР Охрид.
„Голф“ со кичевски регистарски таблици движејќи се по улицата од железничката станица кон локалниот пат за Крушино, преминало на левата коловозна лента и со предниот дел директно удрило во тротоарот и во бетонски електричен столб, по што се извртело и со задниот лев дел удрило во куќа.
Дваесет и петгодишните Адмир В. и Јетон Е., како и дваесет и седумгодишниот Мурат А. од Кичево загинале на лице место, додека Г.С. (27) и Р.С.(26) од Кичево се здобиле со телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите Р.С. е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и јавен обвинител, како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.
Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телата на починатите ќе изврши обдукција.
Се преземаат дополнителни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

