Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Пендаровски знае дека повторно губи и лаже дека бил следен од странски служби

Стево Пендаровски е класичен пример на матрицата на заевизмот. Знае дека повторно губи и од сега бара алиби за поразот. И тоа со толку навредлива лага, што таа се израмнува и со терминот „стока“ што тој го употребува кога зборува за граѓаните!, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Тоа што Пендаровски е фотографиран од граѓаните како лаже, и му ја прикажуваат дволичноста, за него тоа се странски служби! Фатен во лага, фатен за лажна скромност, тој без трошка срам, обвинува за следење од странски служби!
Низ Скопје го следеле служби и го виделе во ‘југо’, го запреле, му дале да вози современ автомобил и го фотографирале за да го дискредитираат! Ете тоа почитувани, во тоа ве убедува Стево Пендаровски, кој сака да биде претседател на Република Македонија!
Внимавајте, кандидат на власта, во втор обид да биде заштитник на криминалот и на заевизмот, фатен во лага како наместо ‘југо’, вози автомобил неколкукратно поскап, тој обвинува, внимавајте, бил следен од странски служби!? И тоа во корист на опозицијата?
Јавноста не само што е вчудовидена, не само од обидот за лажна скромност на Пендаровски е цела збунета, туку и за обидот за јавните партиските местенки и игри во СДСМ преку грбот на граѓаните, повеќе не може да верува на овој кандидат! Пендаровски со ова јавно го посочува Оливер Спасовски, неговиот партиски противкандидат, дека не работи и дека безбедноста е порозна и дека низ земјата хараат странски служби!
Во период кога опозицијата е под силен политички прогон, се вршеа претреси на автомобили, сите се под присмотра и политичко-судски монтиран процес, кандидатот на власта во втор обид за претседател, Стево Пендаровски вели дека низ државата „харале, снимале, фотографирале“ странски служби?
Тоа е СДСМ, тоа е матрицата на заевизмот – лага, местенки, посочувања.
Ова не е првпат Пендаровски да биде дел од лаги за партиски борби преку јавноста. Тоа беше случај и во 2014 година кога Пендаровски во лаги ги заплетка и Заев и Црвенковски, околу тоа кој со кого разговарал и кој добил поддршка за следен лидер.
На Македонија најмалку ѝ треба уште еден заевист на функција, одобрувач на заевизмот и криминалот на власта. Заевизмот ќе биде поразен и тоа добро го знаат. Лагите повеќе не им минуваат. Честита Македонија ќе победи, Гордана Силјановска-Давкова е претседател кој гарантира право и правдина“, нагласи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.