Македонија
Заев тврди дека не го спасил Али Ахмети од истрагата за пописот на СЈО
На новинарско прашање дали со предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се регулира статусот на СЈО Зоран Заев го спасил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од кривично гонење, премиерот рече дека не го спасил неговиот коалициски партнер од истргата за пописот, со тоа што бомбите нема да се користат како докази во новите предмети на СЈО.
„Апсолутно не. Јас го читав законот, сите процеси за кои постојат докази продолжуваат како процеси и нема дилема за тоа. Доказите се живи и здрави и тие постојат, не може никој да ги сокрие или уништи“, рече Заев додавајќи дека бомбите на СЈО ќе бидат само индиции.
Премиерот рече дека очекува Законот за јавното обвинителство да го поддржат сите политички партии, како што беше и во случајот со донесувањето на Законот за СЈО.
Бомбите се еден од клучните докази во истрагата за пропаднатиот попис која СЈО ја отвори во март 2018 година, а освен Али Ахмети, осомничен е и бегалецот Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

