Европа
ЦЕРН исклучи научник кој лани рекол дека жените не се вешти во физика
Европскиот институт за нуклеарни истражувања, ЦЕРН, денеска одлучи да ја прекине соработката со италијанскиот научник Алесандро Струмио, кој во една пригода изјави дека кога е во прашање физиката, жените се помалку способни од мажите и ги обвини жените физичарки дека добиваат повисоки позиции само во име на рамноправноста со машкиот пол.
„По внатрешната истрага, ЦЕРН одлучи на професорот да му го одземе статусот на предавач“, навеле од Институтот во соопштение, чија содржина ја пренесе Би-би-си.
Струмио во едно свое излагање во септември, презентирајќи илустрирани дијаграми, слајдови и табели, рекол дека мажите сè повеќе се изложени на дискриминација во областа на физиката.
Тој утврдил дека зголемувањето на бројот на жените на работните места поврзани со физика не е резултат на нивните квалификации, туку на сè почестите дискусии за родова еднаквост.
„Физиката ја создале и изградиле мажите и во неа не се навлегува на повик“, напишал тој во дел од својата презентација.
Италијанскиот научник од Универзитетот во Пиза предавањето го одржал во рамките на работилница во Женева на тема „Теорија на високата енергија и половите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете кое починало. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за никој да не го види или слушне неговиот плач.
Европа
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.
Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.