Македонија
Заев вети дека ќе се почитува одлуката за запирање на изградбата на хотелот во Лагадин

Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, прими делегација на здружението на граѓани „Стар Лагадин“, која на средбата ги изнела ставовите за изградбата на хотелот во Лагадин, како и загриженоста од заканата од оваа градба за заштитениот појас на Охридското Езеро.
Како што информираат од владината прес-служба, во разговорот претставниците на здружението изразиле надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот овој пат ќе биде трајна бидејќи, како што рекле, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.
Заев рекол дека тргнувајќи од принципите за заштита на природното и културно-историското богатство на Охрид, неопходно е да се почитува одлуката на в.д. градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата и дека во меѓувреме ќе се бара правна основа за трајно решавање на ова прашање.
Во разговорот, во кој активно учествувал и министерот за транспорт и врски, Сугарески, било речено дека конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот предлог-закон за урбанистичко планирање, кој е во собраниска постапка и чие донесување треба да бида набргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.