Свет
Москва смета дека САД може да ја сменат својата одлука за напуштање на Сирија
Москва смета дека Вашингтон може да ја промени својата одлука да го повлече својот воен контингент од сириската територија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифингот во четвртокот, пренесува ТАСС.
„Постои загриженост дека Вашингтон повторно ќе ја промени својата одлука да ја напушти Сирија бидејќи сите закани, гаранции и конкретни факти кои се обезбедени, за жал, се менуваат по некое време“, истакна Захарова.
„Ние продолжуваме од фактот дека ако Вашингтон даде некакви објаснувања за своите маневри на копно, тие ќе имаат барем некоја среднорочна перспектива и некои други фигури во Вашингтон нема повторно да ја променат концепцијата. Тоа е една од главните опасности”, додаде таа.
На 19 декември американскиот претседател, Доналд Трам,п ја објави одлуката да почне со повлекување на американските сили од Сирија, каде што американскиот контингент брои 2 000 луѓе во моментов.
САД требаше да ја повлечат војската во 60 до 100 дена. Командантот на Генералштабот на американската централна команда, Џозеф Вотел, на 10 февруари објави дека повлекувањето на американскиот воен контингент од Сирија може да почне за неколку недели, но моменталната ситуација таму ќе биде клучен фактор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

