Свет
Затворената британска Иранка ќе добие дипломатска заштита
Затворената Британка со иранско потелко Назанин Захари-Ратклиф ќе добие дипломатска заштита од Велика Британија, рече секретарот за надворешни работи, Џереми Хант. Тоа значи дека случајот сега ќе се третира како формален, правен спор помеѓу двете вклучени држави – Велика Британија и Иран, пренесува Би-би-си.
Назанин Захари-Ратклиф беше осудена пет години затвор во Иран во 2016 година откако беше осудена за шпионажа, обвинение што таа го негира. Хант рече дека овој потег е малку веројатно да биде „волшебно стапче” за нејзино ослободување, но е важен дипломатски чекор.
Тој рече дека со потегот му се покажува на целиот свет дека Назанин е невина и му се дава до знаење на Иран дека неговото однесување е сосема погрешно.
Меѓутоа, Иран одбива да ги признава двојните државјанства, па затоа не го признава правото на Захари-Ратклиф да биде застапувана од Велика Британија.
Дипломатската заштита е ретка законска процедура во меѓународното право. Државите можат да го искористат за да му помогнат на некој од своите државјани чии права биле прекршени во друга земја.
Тоа е многу различно од дипломатскиот имунитет, што им се дава на дипломатите за да се обезбеди нивно безбедно патување и заштита од гонење.
Според дипломатскиот дописник на Би-би-си, нејзиниот нов правен статус нема да го принуди Иран да го промени начинот на кој ја третира, но ќе ѝ овозможи на Британија да го покрене својот случај со поголема леснотија пред меѓународни форуми, како Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото во Тексас и Оклахома
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.
„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.