Забава
(Видео) Сливник во вештачко езеро „проголта“ патка, луѓето се интересираат за нејзината судбина

Езерото Берис е најголемото езеро во областа Напа во Калифорнија, а браната Монтичело Дам создаде вештачко езеро во планините Вака.
Езерото се протега на 80 квадратни километри и е долго околу 25 километри, а она што го карактеризира е големата дупка наречена „глори хол“ која е апсолутна атракција за посетителите.
Вештачката дупка под која се наоѓа резервоар е голем предизвик за птиците што живеат на езерото, а на своја кожа суровоста на овој сливник ја почувствува и една патка.
Рик Фолвер забележал една птица која силните струи започнале да ја влечат кон сливникот, па започнал да снима. Видеото наскоро привлече големо внимание на интернет, каде имаше многу коментари во врска со тоа дали птицата би можела да преживее во ваква ситуација и за негативното влијание на вештачката акумулација врз дивиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фустанот на Брукс Надер откри повеќе на црвениот тепих, манекенката продолжи да позира

Брукс Надер, модел на „Спортс илустрејтед“ и жена што ја нарекуваат „кралица на бикините“, доживеа несреќа на доделувањето на наградите „ЕСПИ“ во Лос Анџелес.
Додека позираше на црвениот тепих, нејзиниот фустан со длабоко деколте малку избега и откри повеќе отколку што требаше пред фотографите.
Брукс не изгледаше премногу загрижена за тоа, па продолжи да позира без никакви грижи.
Брукс Надер е родена е на 7 февруари 1996 година. Уште од рана возраст покажа интерес за мода и гламур, но дури откако се пресели во Њујорк успеа да направи сериозен пробив во индустријата.
Нејзината кариера доби на интензитет откако победи на натпреварот „Sports Illustrated Swimsuit’s Model Search“ во 2019 година, со што се најде на насловната страница на познатото списание, кое ги лансираше кариерите на многу модели пред неа. На крајот го доби прекарот „кралица на бикини“.
Брукс е во брак со инвестицискиот банкар Били Хејр, со кого живее во Њујорк.
Забава
(Фото) Лицето на актерката, едноставно, хипнотизира: дали љубовта е виновна за нејзиниот изглед

Актерката Елизабет Харли е често активна на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“.
Таа редовно објавува фотографии во бикини, кои предизвикуваат воздишки и погледи од јавноста, а овој пат не ја пропушти можноста повторно да го стори тоа.
Како што можете да видите, Лизи гордо позира во сино бикини, кое ја покажа нејзината завидна фигура, но и природните атрибути.
View this post on Instagram
Сепак, овој пат нешто друго го привлече вниманието на љубопитните гледачи. Наместо нејзините бујни гради и прекрасните облини, лицето и заводливиот изглед на актерката, едноставно, хипнотизираа на малите екрани.
Многумина се изненадени и прашуваат – дали нејзината врска со Били Реј Сајрус ѝ одговара и дали тоа се одразува на нејзиниот зачудувачки изглед или е тоа начинот на кој позира?
Во секој случај, никогаш порано не сме виделе ваков изглед на кралицата на бикини – и можеме со сигурност да кажеме дека воодушевува.
Забава
(Фото) 11 години помлад го зазеде неговото место: холивудската убавица повторно среќна во љубовта?

Убавата актерка Џесика Алба не престанува да биде главна тема на медиумите по разводот од Кеш Ворен.
Се чини дека нејзиниот совршен изглед дури тогаш дојде до израз, а Џесика ужива повеќе од кога било со своите деца и пријатели.
Сега, се појавуваат информации дека таа е повторно среќно заљубена. Таа беше фотографирана како патува во Канкун со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, објави ТМЗ.
Jessica Alba, ‘Top Gun: Maverick’ actor spend time in Cancun as she embraces single life: report https://t.co/V6zUlr33Vg
— Fox News (@FoxNews) July 15, 2025
Потенцијалната двојка подоцна беше фотографирана како се враќа заедно во Лос Анџелес. Претходно беше објавено дека Џесика си пронашла ново момче, но бидејќи тогаш ништо не беше потврдено, не е познато дали станува збор за истата личност.
Дени Рамирез е познат по своите улоги во серијата на Марвел „The Falcon and the Winter Soldier“, како и по филмот „Captain America: Brave New World“.
Сепак, извори блиски до актерката постојано тврдат дека таа моментално не бара сериозна врска и сака да се посвети исклучиво на себе и на своите деца.
На почетокот на оваа година, Џесика Алба официјално објави дека се разведува од Кеш Ворен по 17 години брак, а веста шокираше многумина, со оглед на тоа што тие важеа за еден од најхармоничните парови.