Регион
Сореца: Политичката криза во Албанија ја доведува ЕУ-интеграцијата во опасност
Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, порача дека доколку не се реши политичката криза во земјата се ризикува интеграцијата во Европската Унија.
Тој нагласи дека ЕУ, во врска со ситуацијата во Албанија, во последнте две недели е многу јасна, додавајќи дека секој има право на протест, но тоа мора да биде мирно и без поттикнување на насилство.
„Ситуацијата е без преседан, разговаравме со двете страни. Се сретнавме со власта и со опозицијата. Опозицијата не отстапува од нејзинииот став, без да се врати назад и тоа е тажно. Ова го рековме неколку пати, но без успех. Ова влијае на интеграцијата на Албанија. Ние бараме дијалог и сме непристрасни. Ние побаравме од владата дијалог. Ги повикуваме сите политичари од Албанија да ја држат страната на граѓаните“, рече Сореца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Регион
Пеколна ноќ на Санторини: земјата не престана да се тресе, силни потреси следуваа еден по друг
На грчкиот остров Санторини синоќа беше најтешката ноќ во последните денови бидејќи 20-ина земјотреси со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала ја тресеа областа од еден часот по полноќ.
Голем земјотрес е регистриран во 7.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,6 степени. Половина час подоцна следуваше уште еден со јачина од 4,3 степени, а со интензитет од 4,5 е забележан нешто пред 10 часот.
Земјотресите над 4 степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од креветот во страв, објави „Прототема“. Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи синоќа.
Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини.
Областа беше погодена од повеќе од 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, што предизвика загриженост кај научниците и жителите, од кои многумина го напуштија островот.
Во вторникот беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓа на 22 километра југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос.
Според податоците на Националниот универзитет во Атина (НКУА), сеизмичката активност ги покажува карактеристиките на т.н. рој на земјотреси, име што се користи за опишување серија земјотреси, од кои ниеден не бил значително посилен од другите и не може да се карактеризира како голем сеизмички настан.
НКУА наведува дека се можни две сценарија: бројот на сеизмички активности би можел постепено да се намалува со помали потреси во текот на следните неколку месеци или ројот земјотреси може да предизвика поголем, главен земјотрес, проследен со типична секвенција од последователни потреси.
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии за секој што сака да ги напушти.
Од безбедносни причини училиштата на Санторини, Анафи, Иос и на Аморгос ќе бидат затворени до петок.