Спорт
Челси со лута реакција на забраната на УЕФА!

Барањето на Челси до ФИФА за дозвола на трансфер-активност додека трае истрагата за наводните прекршоци кои ги направи поранешниот англиски шампион е одбиен од светската федерација, по што клубот издаде невообичаено „луто“ соопштение.
Минатиот месец, ФИФА потврди дека Челси доби забрана за трансфери во следните два преодни рока по завршувањето на истрагата. Челси веднаш се жалеше на одлуката и бараше одложување на казната до следното лето, но ФИФА го отфрли тоа. Од Челси реагираа со невообичаена строгост во соопштението.
„Челси ФЦ се зачудени од одлуката на апелациониот комитет на ФИФА да не ја одложи казната додека трае процесот на жалба. Клубот се однесуваше според регулативите и веќе ги извести ФИФА за жалбата против одлуката на дисциплинската комисија. Мора да се дозволи процесот на жалба според правилата на ФИФА, швајцарските закони и сите други релевантни правни процедури. Челси смета дека кон нас се однесувате непостојано и не-фер во споредба со другите европски клубови. Ќе размислиме за нашите следни чекори и за можниот процес до Судот за арбитража во спортот (ЦАС)“, се вели во соопштението на Челси.
Chelsea Football Club is astonished by the FIFA Appeal Committee’s decision not to suspend its sanction pending completion of the appeal process. https://t.co/oz6PUMApj3
— Chelsea FC (@ChelseaFC) March 8, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула.
Партизан против Будуќност победи со 90:75 и ја освои рекордната осма шампионска и повторно стана најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата. На тронот црно-белите го наследија градскиот ровал Црвена звезда.
Партизан од средишницата на втората четвртина ја презеде контролата и врз играта и врз резултатот. Будуќност во ниту еден момент не успеа да му се закани на новиот шампион.
Брендон Дејвис беше најефикасен со 18 поени и 4 скока, додека Стерлинг Браун имаше 18 поени, 2 скока и 3 асистенции, а Карлик Џонс 17 поени, 4 скока и 9 асистенции. Двоцифрени со по 13 поени беа и Исак Бонга и Ифе Лундберг.
На другата страна, 23 поени постигнаа Јоги Ферел, 14 Никола Танасковиќ, а по 11 Кенан Камењаш и Рашид Сулејмон.
Спорт
Нов Хрват во Реал Мадрид? Чаби Алонсо навистина „загриза“

Реал Мадрид без хрватскиот играч стана речиси незамислив. Лука Модриќ си заминува, а Анте Будимир би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо е сериозно заинтересиран да го доведе напаѓачот на Осасуна.
Секако, „кралскиот клуб“ сака да оди што е можно поевтино, па се разгледува опцијата за активирање на откупната клаузула од 20 милиони евра, но Реал би сакал и таа да се намали.
Планот е во договорот да се вклучи млад фудбалер од академијата на Мадрид, како што се Јакоб Рамон или Лорен Агуада.
Будимир би бил воодушевен да игра за Реал Мадрид, клуб кој го смета за најдобар во светот, а Чаби Алонсо исто така „загриза“ да го доведе.
За многумина е чудно што Реал сака 34-годишен играч, но Хрватот наводно би прифатил да биде резерва и да игра од клупата, како што направи Хоселу минатата сезона кога ја освоија Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Будимир постигна 21 гол во Ла Лига и додаде три асистенции. Во Купот на Кралот има уште три гола.
Спорт
Никој не е заинтересиран за Светското клупско првенство, дури ни Меси не сакаат го гледаат

Низок интерес за натпреварите од Светското клупско првенство во САД.
Според светските медиуми, ФИФА е сериозно загрижена за нискиот интерес на навивачите за Светското клупско првенство. Затоа одлучи повторно да ги намали цените на билетите.
Пред два дена беше објавено дека за првиот натпревар од отворањето на натпреварувањето се продадени помалку од 25.000 билети.
Првиот натпревар ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со капацитет од 64.767 седишта. Ривали се домашниот тим Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли од Каиро.
За потсетување, Интер е дом на големи светски ѕвезди како што се Аргентинецот Лео Меси, Уругваецот Луис Суарез, Шпанците Серхио Бускетс и Жорди Алба…
🚨 FIFA are seriously concerned about poor fan interest in the Club World Cup and have slashed ticket prices again. 🎟️
Fewer than 25,000 tickets have been sold for the opening match. 😳
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/8HlxKycCN9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 10, 2025
Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули. Ќе учествуваат 32 екипи од шест континенти (конфедерации). Натпреварите ќе се играат во 11 градови на 12 стадиони.
Натпреварите од Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржат во државите Њу Џерси, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо (два стадиони), Филаделфија, Сиетл, Вашингтон и Атланта.