Македонија
Здруженијата не се откажуваат, бараат да сопре изградбата на хотелот во Лагадин
Здружението ,,Стар Лагадин” имаше средба со премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарескиза текот на разговорите во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, кај селото Лагадин.На средбата била истакната заложбата во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО.
,,Ги цениме напорите на премиерот и министерот да изнајдат решение за ставање на општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален урбанистички план за село Лагадин. Воедно, го цениме и напорот во изнаоѓање на решение објектот ,,хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година”, се наведува во соопштението.
Здружението ,,Стар Лагадин” останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. ,,Отворени сме да го поддржиме новиот Детален урбанистички План за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи. Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципира во зависност од мерките кои ќе ги преземат надлежните институции, пред се надлежното министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.
Македонија
Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.
Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји.
Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува нова фаза во економските и деловните односи меѓу двете земји, со фокус на конкретни резултати, инвестиции и заеднички развој.
„Формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора испраќа силна порака дека економската соработка меѓу нашите држави се издигнува на повисоко, постратешко ниво. Ова е практичен механизам за поврзување на бизнисите, за поттикнување инвестиции со додадена вредност, за иновации и трансфер на знаење, но и за градење доверба која е основа на секое сериозно економско партнерство,“ истакна Димитровски.
Македонско-шведските економски односи бележат стабилен и охрабрувачки развој, со јасен потенцијал за понатамошна експанзија. Зголемениот интерес од компаниите и инвеститорите од двете земји ја потврдува потребата од институционална платформа која ќе ги поврзе деловните заедници и ќе ја забрза реализацијата на заедничките економски проекти. Во тој контекст, Комората се позиционира како катализатор за зголемување на билатералната трговија и проширување на секторите на соработка, се истакнува во соопштението.
„Шведско-Македонската Стопанска Комора ќе делува како платформа за активна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор, обезбедувајќи системска поддршка за компаниите, застапување на нивните интереси и создавање амбиент на доверба, транспарентност и институционална стабилност. Преку ваков пристап, Комората ќе придонесе кон развој на одржливи, долгорочни и взаемно корисни деловни партнерства.
„Со формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора, испраќаме јасна порака дека ние сме подготвени за посилна економска соработка, за привлекување квалитетни инвестиции и за градење партнерства засновани на европски стандарди, доверба и заедничка визија за економски раст и развој”, заклучи Димитровски.

