Црна хроника
,,Голф” удри во 82-годишен пешак во Прилеп

,,Голф” удри во 82-годишен пешак во Прилеп. Како што информира полицијата, вчера во 12 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Сотка Ѓоргиоски“ возило „голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.И.(44) од Прилеп, удрило во пешакот Ј.П.(82) од Прилеп.
Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица, информираат од МВР.
Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.
-Денеска во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информирата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дрвокрадци фатени во Старо Нагоричане, се обиделе да избегаат и прегазат полицајци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово, откако претходно не им дозволиле да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва, физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.
Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.
-На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кавадарчанец бил удрен со возило во дворот

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.
„Рано утрово во 00:30 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди“, појаснија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.