Црна хроника
Притвор за битолчанец кој неовластено поседувал оружје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/apsenje-pritvor.jpg)
Притвор во траење од 30 дена му бил определен на битолчанец поради недозволено држење на оружје или распрскувачки материи.
Имено, како што соопшти полицијата, при претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка „ЦЗ“ калибар 6.35мм со рамка со шест куршуми и пиштол–непозната марка калибар 6.35мм со рамка за истиот со два куршума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/shutterstock_1223812384-min-782x444.jpg)
Двајца лекари се степаа вчера во Клиничката болница – Штип.
Настанот е пријавен вчера во 12:45 часот.
– На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил – се вели во соопштението од СВР-Штип.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден маж од Тетовско: управувајќи четирицикл, изгубил контрола и излетал од коловозот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-1-960x562.jpg)
Вчера во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, кај село Џепчиште, тетовско, 57-годишниот Р.Р.Р. од село Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
На бензинска пумпа пред Куманово уапсен скопјанец: пронајден пиштол кај него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/pistol-zapl-2.jpg)
Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода 28-годишниот А.Б. од Скопје.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.