Македонија
СДСМ: Силјановска да каже што мисли за тоа дека Мицкоски бил асистент кај татко му

Откако кончено ја дозна големата вистина, Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски бил асистент кај сопствениот татко, бара СДСМ преку соопштение.
Владејачката партија коментира дека кандидатката за претседател, Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски се однесувала како да не е од тука, како да не живеела во државата последните десет години.
„Се лаже ако мисли дека со таква лажна реторика сака да побегне од фактот што му се поклони на груевизмот. Дали Силјановска знае воопшто кој ја кандидирал и која партија застанала зад нејзината кандидатура? Доколку не знае, точниот одговор е дека таа беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ како кандидатка на Христијан Мицкоски. Да, тоа е истиот Мицкоски кој бил асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет, истиот Мицкоски кој како советник на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали. Сега, откако конечно ја дозна „големата вистина“ за кариерата на Мицкоски, редно е Силјановска да каже што мисли за тоа што Мицкоски од толку асистенти на Машинскиот факултет бил асистент токму кај сопствениот татко?“, прашуава СДСМ.
Партијата додава дека граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе брани криминал и партиски интереси и затоа на изборите масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.