Македонија
Јово Вангеловски ќе купува лимузина од 34 илјади евра за Врховниот суд

Набавка на едно патничко моторно возило за потребите на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Ова го пишува во огласот за јавна набавка на Врховниот суд објавен денеска.
Во техничките спецификации пишува дека се бара патничко моторно возило, лимузина, со 4 врати и 5 седишта на дизел, со зафатнина на моторот од 1950 кубни метри со стандард ЕУРО 6.
Возилото треба да има паркинг-сензори, алуминиумски бандажи со најмалку 17-инчен дијаметар, вграден патен компјутер, вграден систем за одржување на брзината. Гаранцијата за возилото е 2 години со 12-годишна заштита од корозија, а рокот за испорака е 90 дена.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на прашањата на „Макфакс“ како е утврдена потребата за набавката на ова возило со посочените технички спецификации и кој ќе се вози во возилото, вели: ,,Се работи за јавна набавка на возило за службени потреби на судот, а за замена на постојноато службено возило кое е старо 20-тина години (во моментов не го знам точниот податок колку е старо) и кое е целосно дотраено.Техничките спецификации ги изготвува техничката служба, а во склад со потребните технички карактеристики и стандарди за службено возило и согласно одобрените средства за таа намена од Судско буџетскиот совет”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.