Свет
Грк за 2 минути го пропуштил авионот во Етиопија, тоа му го спасило животот
Грчки државјанин останал жив благодарение на тоа што задоцнил за летот на „Етиопијан ерлајнс“, кој се урна кусо по полетувањето, при што немаше преживеани патници и членови на екипажот.
Антонис Мавропулос на својот фејсбук-профил објави слика од авионскиот билет за кобниот лет со текст: „10 март е мојот среќен ден“. Во објавата тој посочи дека за летот задоцнил само две минути и дека ги видел последните патници како се качуваат во авионот.
„Задоцнив две минути и сè што можев да направам е да ги гледам последните патници како одат накај авионот. Викнав да ме пуштат, но никој не обрна внимание на тоа. Сега сум среќен затоа што сум жив. Летот го пропуштив зошто не можев на време да го пронајдам својот куфер со алишта“, напишал Мавропулос.
Гркот патувал на годишната конференција за Програмата за животна средина на ОН. Еден од вработените на аеродромот го советувал да го почека следниот лет, му се извинил за непријатноста и го однел во едно од кафулињата, каде што требало да чека три часа.
„На качувањето во вториот авион ме пречека полиција. Повторно не ми беше дозволено да се качам. Полицајците ме одведоа во нивните простории на аеродромот. Првин ми рекоа дека сум единствениот патник што не се качил на летот 302 на ‘Етиопијан ерлајнс’, односно единствениот што преживеал. Ме прашуваа кој сум и зошто не сум бил на летот за кој имам билет. Мислев дека нешто ме лажат“, напишал на „Фејсбук“ патникот што имал билет за летот во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот.
Полицијата ги проверила неговите лични податоци и го ставила во посебна просторија. Му било кажано да почека. Тој пребарувал на интернет за да дознае што се случило, а за целата ситуација го информирале неговото семејство и пријателите, кои знаеле дека патува тој ден.

Сепак, слична приказна со грчкиот државјанин има и Ахмед Калид со живеалиште во Дубаи. Тој патувал за да го посети своето семејство во Кенија. Требало да се качи на кобниот лет на „Етиопијан ерлајнс“.
Летајќи за Најроби од Дубаи, Ахмед требало да смени авион во Адис Абеба, но пристигнал премногу доцна за да може да ја фати посакуваната врска.
Според досегашните информации, загинатите патници во авионот се од 33 земји. Некои од нив биле локални патници, но имало и хуманитарни работници, членови на Обединетите нации и владини претставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

