Македонија
Цел викенд со багер се урива на плоштадот Чинар во Охрид, инспекциите допрва на увид

Со нова дивоградба се нагрдува плоштадот Чинар во Охрид. Хилти и багер на плоштадот викендов ги вознемирија охриѓани и туристите. Неколкумина работници ја уриваа платформата којашто како летна тераса ја користеше локалната пицерија. Охриѓани велат дека заедно со уривањето, работниците подготвувале темели за нова градба.
И уривањето и подготовките за нова градба се без одобрение од Министерството за транспорт и врски.
„Парцелата е сопственост на државата и во моментов никој не може да поднесе барање за одобрение за градење. Ова земјиште не е отуѓено, сè уште е сопственост на државата“, велат од Министерството за транспорт врски, кои ги издаваат одобренијата за градење во старото градско јадро на Охрид каде што викендов се уриваше.
Директорката на Завод и музеј Охрид, Елеонора Новаковска, вели дека го регистрирале уривањето.
„И ние разбравме дека има градежни активности. Пуштив стручни лица да направат увид. Инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство и градежната инспекција ќе добијат извештај. Тоа е заштитено подрачје. Во годишниот план за 2019 година на тој простор е предвидено да има натстрешница, маси и столови, односно урбана опрема“, изјави директорката Новаковска за „Макфакс“.
Охриѓани влеат дека работниците уривајќи ја бетонската платформа скршиле и гранка од чинарот, за кој се прават подготовки да добие соодветна заштита, но никој не се загрижил.
Од Општина Охрид, иако најавија, не испратија реакција за градежните активности на плоштадот Чинар.
Нема објаснување ниту од пицеријата која како летна тераса ја користеше бетонската платформа веднаш до чинарот. На нивниот телефонски број никој не одговара, а откако почнаа градежните активности, кои продолжија и денес, локалот е затворен.
Охриѓани стравуваат дека ќе се појави уште една дивоградба во заштитеното градско јадро пред очите на сите надлежни институции. Велат дека по најавата за нов рок за легализација на дивоградби, во Охрид на неколку места се појавиле нови објекти изградени без одобренија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, максималната температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и почетокот на следната седмица.
Македонија
Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, соопшти в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо. Доста е“.
Граѓаните, додава тој, плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Напоменува дека никој нема право да го загрозува здравјето и иднината на децата.
„Од утре продолжуваме уште поинтензивно.
Ако нема веднаш реакција од ЈП „Комунална хигиена“, како градоначалник ќе поднесам кривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниот законик, и секојдневно ќе барам постапување од Обвинителството и МВР“, објави Митески.
Ова, како што истакна, не е политика, туку прашање на достоинство, здравје и иднина.
Македонија
Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште.
Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме.
Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, објави Мицкоски.