Свет
Меркел се дистанцира од Макрон за визијата за иднината на Европа
Еден и пол месец како Германија и Франција во Ахен го потпишаа новиот елисејски договор, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Maкрон ги покажаа разликите во однос на визијата за иднината на Европа пред мајските избори за Европскиот парламент.
Меркел отворено го поддржа предлогот на својата конзервативна партија за Европа, кој се разликува од предлогот на Макрон, а особено истакна дека се залага за единствено европско место во Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Мислам дека станува збор за многу добра идеја за иднината“, изјави германската канцеларка во Берлин коментирајќи ги предлозите за Европската Унија што минатиот викенд ги изнесе нејзината наследничка на местото претседател на Христијанско-демократската партија, Анегрет Крамп-Каренбауер.
Меѓу овие предлози, кои го претставуваат одговорот на новите идеи што ги изнесе Макрон, е и отворањето европско место во Советот за безбедност. Меркел истакна дека тоа место треба да ги обедини европските гласови во Советот за безбедност, со што Франција ќе го изгуби правото на вето што го доби по Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.