Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во дрво, па во неколку паркирани возила, тешко повредени три лица

Три лица се тешко повредени кога ноќеска околу 1.25 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје 47-годишен скопјанец со автомобил „шеврлолет круз“ излетал од патот и удрил во дрво, а потоа и во паркирани возила „опел астра“ и „фиат пунто“.
Во сообраќајната несреќа тешко се повредени возачот и сопатникот Љ.С. (55) од Скопје, а другиот сопатник Т.Г. (39) од Скопје добил телесни повреди.
Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му била укажана лекарка помош, а двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело.
Според информациите на МВР, на 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци.
Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом.
Црна хроника
Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Топ
Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.
Како што информираат од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.
Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.
По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.
Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.