Забава
(Видео) Креаторот на интернетот испрати сериозно предупредување за иднината на мрежата
Потребна е глобална акција за да се спречи тонењето на мрежата во дисфункционалната иднина, тврди професорот за компјутерски науки и инвеститор, Тим Бернерс-Ли. Оваа забелешка тој ја дал за време на говорот на одбележувањето 30 години од предлогот за почеток на „Ворлд вајд веб“ (World Wide Web). Тој вели дека по скандалот со „Кембриџ аналитикс“, луѓето сфатиле дека нивните податоци може да бидат манипулирани, но додал дека смета оти проблемите, како злоупотребата на податоци, хакирањето и дезинформирањето, може да се решат, пишува Би-би-си.
Во отворено писмо креаторот открива дека многумина се сомневале дека глобалната мрежа може да донесе нешто добро.
„Многу сум загрижен поради ширењето на гадостите и дезинформациите. Кога се појави проблемот со „Кембриџ аналитикс“, луѓето сфатија дека на изборите се влијаело со помош на податоци што тие сами ги овозможиле“, вели професорот Барнерс-Ли, но додава дека луѓето почнале да ги разбираат ризиците со кои се соочуваат како корисници на мрежата. Според него, начелата на отворена мрежа треба да се сочуваат.
Барнерс-Ли изнесува три подрачја на дисфункционалност, која ѝ штети на мрежата: злонамерни активности, како хакирање и вознемирување, проблематичен систем и деловни модели кои наградуваат преку кликови и ненамерни последици како агресивни и поларизирани дискусии.
Овие негативности би можеле барем делумно да се отстранат со закони и системи што ќе го лимитираат лошото однесување на интернет, смета Барнерс-Ли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.
Забава
(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.
Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.
Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.
Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.
На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.
„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.

