Црна хроника
Косовски државјанин фатен како шверцува мигранти, меѓу кои и деца

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење oрганизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин, осомничен за шверцување мигранти.
Според информациите, вчера, во попладневните часови, на автопатот Е-75, во близина на клучката кај Прдејци осомничениот, управувајќи ТМВ, марка „ивеко“, не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје. Набргу возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е приведен и денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.