Свет
Зошто името на Ким Џонг-ун не се појави на избирачките ливчиња?
Изборите во Северна Кореј доведоа до очекувана победа на авторитарниот режим на Ким Џонг-ун, но сите ги изненади фактот што неговото име не се појавило на изборните ливчиња, пишува Би-би-си.
Ако се потврди информацијата дека е точна, тоа би било прв пат севернокорејскиот лидер да не се кандидира за севернокорејскиот парламент, односно за Врховното народно собрание.
Според достапните информации, би можело да се гласа за неговата сестра Ким Џо-јонг, која на крајот е избрана во парламентот. Парламентарните избори во Северна Кореја се претставуваат дека се демократски, но меѓународната заедница смета дека се работи за бесмислена претстава, а не за вистинско давање легитимитет, односно избор на власт.
На секое гласачко ливче се наоѓал само еден кандидат на државно ниво, а севернокорејските медиуми објавиле имиња на 687 избрани пратеници. Но, меѓу пратениците не е прочитано името на Ким Џонг-ун.
Политичката аналитичарка Рејчел Минјонг Ли за Би-би-си изјавила дека неговата отсутност од гласачките ливчиња не значи и слабеење на неговата моќ.
„Најверојатно, се работи за континуирани напори да ја претстави Северна Кореја како нормална држава бидејќи во поголем дел од демократските земји актуелниот претседател не се кандидира за парламент“, рекла Минјонг Ли.
Што се однесува на сестрата на Ким Џонг-ун, Минјонг Ли објаснила дека Ким Џо-јонг не била избрана во парламентот на претходните избори во 2014 година, но секако влегла во СПА, најверојатно како замена по смртта на некој пратеник.
Гласањето на парламентарните избори е задолжително за сите граѓани на Северна Кореја постари од 17 години. Парламентот се избира на секои пет години, а одѕивот е секогаш 100 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Го исчистивме центарот на Покровск од руските сили
Украинските контранападни сили тврдат дека ги истерале руските трупи од централниот дел на Покровск, пренесе „Kиев пост“. Седмата воздушно-јуришниот корпус соопшти дека пешадиските тимови, со поддршка од дронови и артилерија, ги исчистиле клучните точки во градот, вклучувајќи ја железничката станица и централниот плоштад.
Командирот Валентин Манко изјави дека „центарот е исчистен“, но операциите за чистење продолжуваат. Според украински извори, руските сили се повлечени кон јужните квартови, каде напредокот е побавен и каде руските единици се под притисок и без можност за снабдување.
Русија во своето утринско соопштение не ги спомна директно борбите во Покровск, наведувајќи само дека одбила неколку украински напади. Украинскиот Генералштаб ги опиша борбите во овој сектор како меѓу најинтензивните на фронтот во последните 24 часа.
Дел од украинските аналитичари и извори предупредуваат на претпазливост, истакнувајќи дека битката не е завршена и дека има спротивставени информации за состојбата на терен.
Свет
Макрон воведува доброволен воен рок поради руската закана
Францускиот претседател Емануел Макрон во четврток ќе го претстави нов модел на доброволен воен рок, пренесе „Политико“. Проектот не предвидува враќање на задолжителното регрутирање, туку обука што ќе ги насочи доброволците кон активниот состав или резервата.
Потегот доаѓа поради растечката руска закана, а планот има широка политичка поддршка. Елисејската палата соопшти дека за реформата ќе бидат потребни законски измени и дека ажурираниот закон за воено планирање ќе биде претставен до 21 декември.
Франција има цел до 2035 година да формира резервен состав од 105.000 лица, значително повеќе од околу 44.000 во 2024 година.
Свет
Кремљ: Европскиот контрапредлог за мир во Украина е неконструктивен
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, го оцени европскиот контрапредлог на американскиот мировен план за Украина како „целосно неконструктивен“.
„На прв поглед, европското дополнување изгледа целосно неконструктивно и не е прифатливо за Русија“, изјави Ушаков.
Тој додаде дека многу точки од првичниот американски план, испратен до Киев минатата недела, се прифатливи, но дека други бараат детална дискусија.
Ушаков изјави дека постојат „некои сигнали“ за организирање средба меѓу руски и американски претставници, но дека конечен договор сè уште нема.
Европските лидери претходно ја изразија загриженоста околу американскиот план од 28 точки, особено поради идејата дека Украина треба да прифати територијални отстапки и намалување на вооружените сили, поради што изготвија свој контрапредлог. По вчерашните разговори во Женева, САД и Украина соопштија дека составиле „ажуриран и доработен мировен рамковен документ“.

