Европа
Фараж: Брегзитот може да се одложи и цела година
Најџел Фараж, главниот заговорнк за референдумот за брегзит, синоќа рече дека според него британскиот излез од ЕУ би можел да се одложи за една година.
По гласањето во британскиот Парламент, кој го отфрли договорот постигнат меѓу премиерката Тереза Мeј и ЕУ, Фараж рече дека политичкиот хаос во Велика Британија и претстојните парламентарни избори во ЕУ го спречуваат брзото повлекување, објави агенцијата АП.
„Да бидеме реални. Ќе добиеме нов Европски парламент. Не гледам дека новата фаза од преговорите за брегзитот би можела да започне пред ноември. Затоа би рекол дека продолжувањето на излезот мора да биде за една година“, рече Фараж.
Според него, пролонгирањето за 12 месеци би можело да значи дека Велика Британија ќе може да учествува на мајските избори за Европскиот парламент.
Од друга страна, премиерката Меј и лидерите на ЕУ, доколку дојде до одложување, предвидуваат тоа да биде во многу помал рок од максимум три месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.