Македонија
Стефанова чита, Јанакиески и Пешевски го следат изведувањето на доказите на СЈО за „Траекторија“
Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за предметот на СЈО, „Траекторија“. СЈО за денеска предложи 90-ина докази, меѓу кои: понуди, меморандуми, дописи, договори… Обвинителката Лиле Стефанова еден по еден ги чита доказите на Обвинителството, со кои се обидуваат да ја докажат вината на обвинетите.
Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, ексвицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер Миле Јанакиески и ексдиректорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги пречекориле своите овластувања.
Според СЈО, со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ стекнала имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета е разлика меѓу износот на цената што државата ја плаќа на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

