Економија
Lucky days во „Нептун“ од 14 до 18 март – најголеми попусти на целиот асортиман!
„Нептун“ е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење.
„Нептун“ 20 години е присутна на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија.
Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун“ долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава.
Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува каде секојдневно има некој технолошки новитет или некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано го следи наметнатото брзо темпо и е во чекор со потребите на клиентите да ги имаат најновите парчиња технологија во исто време со европските пазари.
Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, „Нептун“ нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба и најновиот продукт кобрендирана кредитна и кешбек happy картичка. Со ова, потрошувачите во „Нептун“ добиваат најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои што креираат дополнителна вредност.
Во периодот од 14-18 март во „Нептун“ има голема акција „Lucky days” со најголеми попусти на целиот асортиман и шопинг до 48 рати со happy кредитот!
Овој „Lucky days” Нептун на потрошувачите им овозможува:
– НАЈГОЛЕМИ ПОПУСТИ на целиот асортиман
– Шопинг до 48 рати со haPPy инстант кредитот
– Кешбек од 2,4% при купување со кобрендираната haPPy MasterCARD
– За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од 30.000 денари се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.
Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на официјалната веб-страница.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

