Свет
(Видео) Русија во океаните испрати нови нуклеарни подморници

Русија планира во својата флота за 2019 година да вклучи две нуклеарни подморници, потврди министерот за одбрана, Сергеј Шојгу. Како што е наведено, двете подморници се унапредена верзија на оригиналниот модел, а освен тие две, се очекува да се вклучат уште неколку такви нуклеарни подморници до 2021 година.
Russian #Navy’s latest strategic submarines, Kniaz Vladimir & Kazan, will join the fleet by the end of 2019. The ships will determine the future of Russia’s submarine fleet and increase the country’s defence potential, as well as strengthen @Russia position in the world’s oceans pic.twitter.com/tkeG6e5xe2
— Russia in USA ?? (@RusEmbUSA) March 13, 2019
„Се работи за подморници опремени со нуклеарен арсенал со име „Казан“ и „Принц Владимир“ и тие ќе бидат вклучени во руската морнарска флота пред крајот на 2019 година“, изјави Шојгу, а руската амбасада во САД објави и видео од тие подморници на својот официјален твитер-профил.
Зборувајќи на состанокот одржан во Северодвинск, Шојгу рекол дека новите подморници ќе ја дефинираат идната слика за руските подморници, како и дека ќе овозможат зголемување на рускиот одбранбен систем и ќе ја зајакнат позицијата на Русија во океаните.
Руските медиуми пренесуваат дека изработката на „Казан“ почнала пред 10 години, а на „Принц Владимир“ во 2012 година, а завршена била во 2017 година кога и двете биле лансирани во вода.
Двете подморници се модернизирана верзија на претходните модели „885“ и „955“. „Казан“ носи крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“, а „Принц Владимир“ нуклеарни ракети „РСМ-56“ – „Булава“, познати и како „СС-НХ-30“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина воведува царини за увоз на алкохолни пијалоци од ЕУ

Кина одлучи да воведе царини за увоз на алкохолни пијалоци од ЕУ во период од пет години, откако компаниите ги пласираа на кинескиот пазар по цени под трошоците за производство, објави денес Министерството за трговија.
Царините, кои се движат од 27,7 до 34,9 проценти, ќе се воведат од сабота и ќе останат во сила пет години, соопшти министерството.
Компаниите кои доброволно се обврзале да ги продаваат своите алкохолни пијалоци по одредена минимална цена ќе бидат ослободени доколку ги исполнат потребните услови, соопшти министерството.
Мерката ќе опфати повеќе од 60 компании, според списокот од Министерството за трговија, а 34 од нив би можеле да ги исполнат условите за ослободување, се додава во соопштението.
Производителите на коњак предложија минимални цени за увоз кои се движат од шест до 85 долари за литар и постигнаа прелиминарен договор со Пекинг, соопштија информирани извори кон крајот на минатата недела.
Почетокот на минатата година, кинескиот регулатор отвори истрага за тоа дали алкохолните пијалоци произведени во ЕУ се продаваат во Кина под трошоците за производство, по жалбите од домашните производители на алкохолни пијалоци.
Истрагата на Министерството за трговија покажа дека жалбите се основани и дека кинеските компании би можеле да претрпат значителна штета поради ваквите практики на производителите од ЕУ.
Претставниците на ЕУ постојано ги негираа кинеските обвинувања, потсетува агенцијата ДПА.
Извор од француската влада пред една недела изјави за Ројтерс дека кинеските претставници постојано ги поврзувале разговорите за коњакот со разговорите на ЕУ за електрични возила. Тој додаде дека француската влада отфрлила поврзаност меѓу двата случаи, но изрази претпазлив оптимизам, велејќи дека може да се постигне формален договор пред 5 јули.
Пекинг сака ЕУ да ги замени увозните тарифи за кинеските електрични возила со обврзувачки минимални цени по примерот на оние предложени за коњакот, велат изворите.
Кина изјави дека разговорите за електричните возила влегле во последната фаза, но претставниците на ЕУ велат дека напредокот е ограничен.
Регион
Дете се удави во базен во Загреб

Вчера во објект за изнајмување со базен, се удави дете, соопшти загрепската полиција.
Надлежните соопштија дека на детето му била укажана медицинска помош на местото на настанот а потоа и во Клиничкиот болнички центар во Загреб, каде што починало.
„За да се избегнат трагични настани и да се зголеми безбедноста на пливачите, ги потсетуваме граѓаните да користат добро одржувани места за пливање кои се под надзор на професионални служби.
Сакаме да ги предупредиме пливачите за потенцијалните опасности и да дадеме совети за тоа како да се однесуваат во местата за пливање. Затоа, за да избегнеме трагични сценарија, советуваме и предупредуваме:
не пливајте најмалку еден час по оброк – една од најчестите грешки што многумина од нас ги прават е влегувањето во вода по оброк,
не пливајте ако сте консумирале алкохол – консумирањето алкохол е еден од главните фактори на ризик за давење, како кај младите, така и кај возрасните,
една од вообичаените грешки што многумина од нас ги прават е тоа што по долг престој на сонце, влегуваме во водата за да се освежиме и разладиме. Секогаш треба постепено да влегувате во водата, давајќи му шанса на вашето тело да се подготви и да се адаптира, без разлика колку е топло морето или друга водена површина. Во спротивно, телото ќе доживее шок,
не скокајте во вода со непозната длабочина – можни се сериозни повреди,
ако не сте целосно здрави, не пливајте на затскриени места, а доколку страдате од некои хронични и сериозни болести, избегнувајте пливање на затскриени и небезбедни места; бидете во близина на луѓе, за да можат да ви помогнат доколку е потребно,
ако имате деца, постојано внимавајте на нив – родителите никогаш не треба целосно да се опуштат, дури ни кога пливаат; децата треба да бидат под постојан надзор и да се осигурат за нивната безбедност; меѓу луѓе и во толпи, децата лесно се губат, исто како што лесно можат да се удават во плитка вода; исто така, никогаш не сметајте на постаро дете само да се грижи за помлад брат или сестра; безбедноста на детето е ваша одговорност, надгледувајте ги вашите деца, дури и ако знаат да пливаат,
запомнете дека пливањето во свежа вода е понапорно од пливањето во море (грижете се за ова) и водата често може да биде поматна, па затоа децата потешко ја перцепираат длабочината,
непливачите или послабите пливачи дефинитивно треба да користат помагала за пливање,
избегнувајте пливање сами,
пливајте во близина на спасувачи и следете ги упатствата и знаците на спасувачите
доколку се појават проблеми, останете смирени, доколку забележите некого во неволја во водата, веднаш пружете или побарајте помош и јавете се на надлежните служби.
Реките се најопасни бидејќи течат, често имаат вртлози, потоа се сечат и често го менуваат текот.
Езерото има ненадејни промени во длабочината и температурата, односно температурата во езерото е потопла на површината и постудена на длабочина. Голем проблем за пливачите понекогаш е вегетацијата во која се заплеткуваат, а поради паниката што може да се појави, можат да се удават“, објави полицијата.
Свет
(Видео) Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.
🇬🇷 A massive fire is raging on the island of Crete in Greece: evacuation has been announced
Due to strong winds, which reached 9 points on the Beaufort scale, the fire is spreading very quickly#russiaisaterroriststate ❗https://t.co/uEdqULR0mt pic.twitter.com/mtTIyfmqmi
— Гакрукс (@Gakruks1) July 4, 2025
Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.
Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.
Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.
(Фото: ЕПА)