Регион
Најбогатиот Црногорец поднесе кривична пријава против Мило Ѓукановиќ
Душко Кнежевиќ, претседателот на „Атлас група“, за кого Црна Гора распиша меѓународна потерница за наводни финансиски измами, потврди денес дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на државата и лидер на владејачката ДПС, Мило Ѓукановиќ.
Кнежевиќ изјави за подгоричкиот портал In4S дека со кривичната пријава го обвинува Ѓукановиќ дека е „водач на организирана криминална група“.
Тој претходно рече дека неговиот адвокатски тим подготвил „правни дејства против Ѓукановиќ и неговото семејство“.
„Секако дека ова ќе предизвика голем политички земјотрес во Црна Гора бидејќи тоа ќе биде првпат некој да подигне кривична пријава против претседателот на државата дека е водач на организирана криминална група“, рече Кнежевиќ.
Тој рече дека ги предупредил луѓето во обвинителството и судството да „водат сметка што прават и кој учествува во монтираните процеси и местењето докази и носење лажни сведоци“.
Кнежевиќ се надева дека неговата постапка уште повеќе ќе ги мотивира луѓето да излезат на протести.
Според претседателот на „Атлас групата“, заминувањето на Ѓукановиќ од власт би значело спас за Црна Гора, пренесува порталот IN4S.
Инаку, Ѓукановиќ во неколку наврати досега ги негира сите обвиненија што на негова сметка и неговото семејство ги изнесе Кнежевиќ.
Во вчерашното интервју за РТЦГ, Ѓукановиќ ги повика граѓаните што протестираат да внимаваат нивните идеи да не бидат злоупотребени во политички цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.

