Македонија
Интеграциите во НАТО и ЕУ, во фокус на средбата помеѓу Димитров и Петжичек
На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во официјална посета во земјава престојуваше министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек.
Во фокусот на разговорите помеѓу двајцата министри беше процесот на интеграција во Европската Унија и очекувањето за добивање одлука во јуни годинава за почеток на пристапните преговори со Унијата. Во таа смисла беше поздравен напредокот во делот на домашните реформи и потврдена континуираната поддршка на Република Чешка како еден од најгласните и најактивни поддржувачи на европскиот пат на нашата земја.
Од чешка страна беше поздравен направениот исчекор во однос на нашето членство во НАТО преку потпишувањето на пристапниот протокол, со уверување дека процедурата за негова ратификација од страна на чешкиот Законодавен дом ќе биде завршена во текот на наредните месеци.
За време на разговорите министрите Димитров и Петжичек ја нагласија важноста од постојано негување и збогатување на меѓусебното пријателство и соработка, како и одржување на активниот политички дијалог на високо и највисоко ниво. Во таа насока, а како дополнителен поттик за меѓусебната соработка и поредовни консултации за прашања од обостран интерес, двајцата министри потпишаа и меморандум за соработка помеѓу Министерствата за надворешни работи.
Шефовите на двете дипломатии го потенцираа и значењето од натамошно интензивирање на размената на економски и трговски план, како и потребата од креирање поволен бизнис-амбиент и блиски релации помеѓу бизнис-заедниците на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

