Свет
Лавров: Без странско мешање во Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на средбата со шефот на дипломатијата на Венецуела ја истакна важноста за мирно решавање на кризата во земјата без влијание на странските воени сили.
„За време на дискусијата за ситуацијата во Венецуела, руската страна ја истакнува важноста од пронаоѓање мирно политичко решени на внатрешните проблеми во земјата, без деструктивно надворешно влијание, особено без употреба на странски сили“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Како што пренесе ТАСС, двајцата шефови на дипломатиите на денешниот состанок во Виена ја изразиле заложбата за зајакнување на соработката во Обединетите нации и другите меѓунардни платформи и го истакнале значењето за почитување на меѓународното право и односите помеѓу државите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ужна Кореја сака да стане четврта сила во светот по одбранбена индустрија до 2030 година

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјун, изјави дека земјата до 2030 година ќе го зголеми буџетот за одбрана повеќе од очекуваното со цел да стане четврта најголема сила во светот во одбранбената индустрија.
На најголемиот саем за оружје во земјата, Ли истакна дека тоа не е невозможен сон и дека Јужна Кореја ќе инвестира во развој на технологии, делови и материјали за одбранбени системи.
Тој додаде дека Сеул ќе ја споделува својата технологија и искуство со странските партнери. Извозот на оружје, особено по руската инвазија врз Украина, стана еден од најбрзо растечките сектори на јужнокорејската економија.
Свет
Џеј Ди Венс: Трамп сè уште не одлучил дали ќе ѝ даде „Томаховк“ ракети на Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата на Доналд Трамп ќе продолжи со напорите за мир во Украина, без оглед колку ќе трае процесот, пренесе „Укринформ“.
На прашањето за можната испорака на ракети „Томаховк“ на Украина, Ванс рече дека претседателот Трамп го слушнал тој барање, но сè уште нема донесено одлука.
„Тој мора да води сметка за безбедноста на САД и да обезбеди дека клучните оружени системи остануваат за нашата армија,“ изјави Венс, додавајќи дека Трамп верува во промовирање мир меѓу Русија и Украина и дека ќе делува според најдобрите американски интереси.
Венс потсети дека вчера Трамп изјави оти САД не можат да ѝ го дадат сето оружје на Украина, бидејќи е потребно за сопствената одбрана.
Европа
(Видео) Навивачи нападнаа автобус во Италија: загина возачот кој бил удрен со тула

Возач на автобус што превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја беше убиен синоќа откако навивачи на соперничкиот тим Себастијани го нападнаа автобусот на автопат.
Човекот седел во предниот дел од автобусот до возачот кој во тој момент го управувал автобусот. Тој починал откако бил удрен во главата од тула, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот додека тој тргнувал од Риети по натпревар во втората италијанска лига.
Итните служби, заедно со неколку полициски и карабињерски патроли, веднаш реагираа, но обидите да се спаси животот на возачот беа неуспешни. Во тек е полициска истрага за пронаоѓање на одговорните за нападот.
Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, изрази сочувство до семејството на жртвата. „Како може некој да умре вака, на пат кон дома од кошаркарски натпревар? Нападот извршен вечерва во близина на Риети од страна на бандити кои станале убијци и кои никогаш не можат да се наречат навивачи е шокантен. Спортот е живот, а овие криминалци се светлосни години далеку од спортските вредности“, напиша Абоди на Икс.
„Целата заедница на Риети со огорченост го осудува овој гнасен чин кој нема никаква врска со Риети или спортот“, изјави градоначалникот Даниеле Синибалди на социјалните мрежи, изразувајќи надеж дека „околностите на инцидентот ќе бидат веднаш утврдени и дека правдата ќе биде задоволена“.
фото: принтскрин