Контакт

Вести

По убиството и на вториот јапонски заложник, Јордан и’ нуди размена на IS

Објавено пред

Јордан во неделата се приклучи на жестоките протести по повод егзекутирањето на вториот јапонски заложник од страна на Исламската држава (IS), и истакна дека џихадистите ги отфрлиле сите напори на ова кралство да го ослободи заложникот.

dobivaj vesti na viber

Припадниците на Исламската држава на интернет во саботата поставија видеоснимка којашто наводно го прикажува отсекувањето на главата на јапонскиот новинар Кенџи Гото, кого го држеше во заточение заедно со јорданскиот пилот Маз ал-Касасбех чиј авион се урна во текот на воената кампања против џихадистите во Сирија.

„Јорданската влада силно го осудува погубувањето на вториот јапонски заложник, кое го изведе терористичката организација Даеш (погрден арапски акроним за Исламската држава)“, изјави портпаролот на владата Мухамед ал-Момани. Притоа истакна дека Јордан е „подготвен да стори сé“ за да го спаси животот на својот пилот, кому џихадистите исто така му се закануваат со животот.

Владата во Аман ќе „стори сé за да го спаси својот пилот“, порача портпаролот ал-Момани, додавајќи дека „сите државни институции вложуваат напори да добијат докази дека пилотот сé уште е жив, за да го осигурат неговото враќање во татковината“. „И натаму сме подготвени да ја предадеме затвореничката Саџида ал-Ришави во замена за враќањето на напиот син и херој“, истакна портпаролот, пренесе јорданската агенција Petra.

Пилотот Маз ал-Касасбех, кому Исламската држава се заканува дека ќе му ја отсече главата доколку Јордан не ја ослободи ирачката џихадистка Саџида ал-Ришави која од 2006 година е во јордански затвор, беше заробен во декември откако се урна неговиот авион „F-16“ над Сирија, каде што учествуваше во бомбардирањата во рамките на операцијата на меѓународната коалиција предводена од САД.

Независниот јордански дневен весник Al-Gad во недела објави дека се водат индиректни разговори меѓу Јордан и Исламската држава за ослободување на пилотот. Агенцијата AFP, меѓутоа, не добила официјална потврда на ваквите наводи.

Претходно во саботата навечер американскиот ресурс SITE за следење на интернет страниците кои ги користат исламските радикали, објави дека Исламската држава објавила видео материјал од обезглавувањето на јапонскиот новинар Кенџи Гото. Агенцијата Reuters објави дека нема сигурна потврда за автентичноста на видеото кое покажува маж со ќулавка како стои над Јапонецот со нож под неговиот врат а потоа следува снимка од тело над кое е поставена отсечената глава.

Обраќајќи му се на јапонскиот премиер Шинзо Абе, мажот вели „Поради вашата непромислена одлука да уечствувате во војната која не може да ја добиете, овој нож не само што ќе го заколе Кенџи, туку ќе продолжи и ќе предизвика колеж каде и да се најдат вашите луѓе. Нека започне кошмарот за Јапонија“.

Јапонската влада бараше ослободување на Кенџи Гото, воен дописник кој џихадистите го заробија минатиот октомври во Сирија барајќи ослободување на другиот јапонски заложник претприемачот Харуна Јукава кој беше заробен во август ај беше убиен пред десетина дена.

Во претходните снимки Исламската држава бараше размена на Гото доколку Јордан ја ослободи Ирачанката Саџида ал-Ришави која беше уапсена во 2006-та откако се обиде да изведе самоубиствен бомбашки напад во Аман. Претходно џихадистие за ослободувањето на двајцата Јапонци бараа 200 милион американски долари, што Токио го одби.

Токио во неделата објави дека нема да попушти пред тероризмот, по емитувањето на снимката за егзекуцијата и на вториот јапонски заложник.

„Најодлучно го осудуваме овој акт“, изјави портпаролот на владата Јошида Суга. Според него автентичноста на снимката е „високо веројатна“. „Мислиме дека веројатноста е многу висока“, рече Суга, прецизирајќи дека тоа се анализи на експерти. Потврди и оти личноста на снимката сигурно е новинарот Кенџи Гото.

„Тоа е одвратен терористички чин на кој сум многу гневен. Никогаш нема да им простиме на терористите. Јапонија е решителна да ја преземе одговорноста во рамките на ,меѓународната заедница во борбата против тероризмот и во настојувањата оние кои се одговорни за него да бидат изведен пред правдата“, изјави во Токио јапонскиот премиер Шинзо Абе, видно вознемирен, пренесуваат агенциите.

Осуда за егзекуцијата на јапонскиот заложник дојдоа и од Вашингтон, Париз и Лондон, нарекувајќи го овој чин „одвратен“ и „достоен за презир“

„САД го осудуваат одвратното убиство на јапонскиот граѓанин и новинар Кенџи Гото. Денеска сме солидарни со премиерот Шинзо Абе и со јапонскиот народ во осудата на овој варварски чин“, порача американскиот претседател Барак Обама.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во името на својата земја изрази солидарност со Јапонија осудувајќи го „свирепото убиство“. „Претседателот на Републиката со најголема одлучност го осудува свирепото убиство на јапонскиот државјанин Кенџи Гото“, се наведува во изјавата на Елисејската палата.

Велика Британија чинот го нарече „ужасувачки“. „Решително го осудувам она што е ужасно и вредно за презир, како што е убиството на Кенџи Гото. Тоа е уште е потсетник дека Исламската држава го олицетворува злото кое не се грижи за човечките животи“,изјави премиерот Дејвид Камерон./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет2 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија3 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ4 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ5 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија6 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија7 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија9 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ11 часа

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија12 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија13 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет13 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа14 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион14 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа15 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет15 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија1 ден

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија1 ден

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...