Контакт

Македонија

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој, одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Објавено пред

Позитивни меѓународни примери за имплементацијата на целите за одржлив развој и како тие добри пракси што го подобруваат животот на граѓаните да се применат во нашата земја беа презентирани на конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“, која во организација на Здружението „Конект“, во партнерство со „Агора“ и Бугарската мрежа на Глобалниот договор, се одржа денес како завршен настан од проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, финансиран од Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на двете панел-дискусии, претставници на меѓународни организации, домашни и странски компании, како и владини функционери, разменија мислења и посочија на начините за примена на целите за одржлив развој кај локалната бизнис-заедница преку истакнување на успешните искуства од меѓународната и домашната практика.
Конференцијата ги обедини на едно место сите релевантни фактори од земјата кои се посветени кон исполнување на агендата 2030 за целите за одржлив развој. На овој начин тие учествуваа во креирањето на политиките за одржлив развој придонесувајќи за реформските процеси за ЕУ-интеграција и поврзување на нашата земја со актуелните глобални трендови.

На конференцијата воведно обраќање имаше г. Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, кој укажа на заложбата на ЕУ за активна поддршка на нашата земја за успешна имплементација на целите за одржлив развој (ЦОР), а за што се очекува понатамошен придонес и од институциите и од компаниите и граѓанските организации.

„Целите за одржлив развој долго време се јадро на политиките на Европската Унија, цврсто вградени во основачките европски договори и вклучени во клучните проекти за хоризонтални мерки, во секторските политики и иницијативи. Целите за одржлив развој се акциски план за луѓето, планетата и просперитетот. ЕУ е вистински посветена на постигнување на сите 169 индикатори на 17-те цели во сите нејзини инструменти за надворешни односи, вклучувајќи го и Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Следствено на ова, преку нашата помош се стремиме да изградиме меѓусекторски партнерства со кои може да ја поттикнеме дискусијата за важни теми во општеството, а особено за најгорливите – образованието и животната средина. Она што се обидуваме да направиме е да ги претвориме глобалните цели во локални решенија, кои ги засегаат сложеноста и брзината на општествените промени и очекувањата на луѓето“, истакна г. Бертолини во своето обраќање.

За Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението „Конект“, пак, проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ првпат кај нас овозможил промовирање и меѓусекторска дискусија за целите за одржлив развој, препознавање на нивната улога и активно вклучување во агендата за одржлив развој, но ги промовира и бизнис-заедницата и поединците од приватниот сектор како двигатели на позитивни промени во општеството во насока на одржлив развој.

„За време на реализацијата на проектот, претставници на македонски компании во соработка со институциите и граѓанските организации ги инвестираа своето време, енергија, страст и интелектуален капацитет за да ја интегрираат одржливоста во нивното работење и во културата на своите организации. Во ‘Конект’ се гордееме што ја пренесуваме пораката на целите за одржлив развој до сите и што ги поддржуваме компаниите и поединците да ги вградат во нивните стратегии. Иако проектот завршува, ќе продолжиме да обезбедуваме пристап до искуствата и знаењето на меѓународната мрежа на компании со цел да се олеснат обуката, развојот и имплементацијата на целите за одржлив развој во нашата земја“, посочи Кусиникова, која истакна дека „Конект“ ќе ја продолжи соработката со засегнатите државни институции, бизнис-секторот и граѓанските организации за да се поттикне поголемо меѓусекторско партнерство за пронаоѓање иновативни, но практични решенија за прифаќање на глобалната визија на целите за одржлив развој и нивна имплементација во нашето општество.

Покрај конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“, проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ вклучи повеќе активности, меѓу кои и доделувањето на наградите „Предводници на целите за одржлив развој“, кои ги добија компании, поединци и млади бизнис-лидери во нашата земја. Заради нивниот придонес кон целите за одржлив развој, наградите им беа врачени на компаниите: „Пивара“ АД Скопје, „Фармахем“, цементарницата „Усје“ АД Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Адора инженеринг“ ДООЕЛ и „Макпрогрес“ ДОО. Во повеќе градови (Скопје, Битола, Штип и Тетово) во рамките на проектот беа реализирани и работилници за мапирање и идентификување на приоритетните цели за одржлив развој, како и студиска посета во Бугарија за пренос на добрите практики од една ЕУ-соседна земја, а беше спроведена и анализа на состојбата на целите за одржлив развој во нашата земја и нивната поврзаност со процесот на ЕУ-интеграција.

Усвоени во 2015 година од 193 држави во Обединетите нации, меѓу кои е и нашата земја, целите за одржлив развој се визија за одржлива иднина во глобални рамки и нудат можност за воспоставување нова димензија на бизнис-секторот.

Здружението „Конект“ како организација посветена на промовирање општествена одговорност кај претпријатијата и поддршка во градење долгорочни партнерства помеѓу граѓанските организации, граѓаните и деловниот сектор ја согледа можноста деловните субјекти да се вклучат во спроведување на целите за одржлив развој за да придонесат кон градење одржливо општество. Со помош на потенцијалот на деловниот сектор и можностите што ги нудат новите трендови и технологии се овозможува решавање на социјалните проблеми. За ова да функционира успешно, неопходно е да се препознаат партнерствата со другите фактори во општеството, граѓанскиот сектор и институциите, заложба што „Конект“ во своите активности постојано ја практикува.

(Платена ПР-објава)

Македонија

Зегин во духот на хуманоста и желбата за сплотеност повторно го поддржа големиот празник Богојавление (Водици)

Објавено пред

Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава.

Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во светите води.

dobivaj vesti na viber

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди за преку 70 општини во земјата.

Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.


Компанијата Зегин посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.


ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонски Концепт упати Дипломатски манифест до САД: Веруваме дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници

Објавено пред

„Политичката партија Македонски Концепт, како легитимен политички субјект во Република Македонија со јасна про-западна, демократска и реформска ориентација, упатува Дипломатски манифест до САД, со цел да придонесе кон јасно, отворено и одговорно преиспитување на состојбата на билатералните односи. Ние веруваме дека демократијата има право и обврска да се брани“, соопштуваат од Македонски Концепт.

dobivaj vesti na viber

„Манифестот беше усвоен од страна на Националниот Комитет на МК на 19.02.2026 година, кој констатира дека стратешкото партнерство со САД претставува клучен столб на националната безбедност, политичката стабилност и про-западна ориентација. Секое сериозно нарушување или релативизирање на ова партнерство создава вакуум кој ја зголемува институционалната ранливост, отвора простор за деструктивни влијанија и ја поткопува довербата во демократските процеси.

Со особена загриженост го констатираме фактот дека Република Македонија во одредени контексти се третира во ист ранг со држави кои се соочуваат со сериозни безбедносни и институционални колапси. Тоа не е резултат на еден настан, туку на долгорочна државна слабост и недоволна решителност во справувањето со појави на верски радикализам, антизападни и прокомунистички идеолошки наративи и институционална корупција и недоследно владеење на правото.

Во таа насока, Манифестот ја афирмира потребата од политичка и економска декомунизација, лустрација, заштита на христијанско културно – историско наследство и сузбивање на појавите на нелегалната миграција која ги уништува традиционалните вредности во нашите општества. Искажуваме политичка волја за јасна корекција кон донесување на законодавни и институционални механизми против верски радикализам, јасно дистанцирање од комунистичката и секоја тоталитарна идеологија, системска борба против корупцијата, со мерливи и проверливи резултати.

Македонски Концепт ја поддржува идејата за продлабочен билатерален стратешки и безбедносен компактен однос меѓу Македонија и САД, а како членка на НАТО и деклариран сојузник, имаме легитимно право на отворен дијалог, фер проценка и почитување на постојните договори за стратешко партнерство. Охрабруваме директна комуникација, јасни критериуми и заемна одговорност, како основа за обновување на довербата.

Македонски Концепт верува дека Македонија припаѓа во кругот на стабилни, демократски и доверливи западни сојузници. Овој Дипломатски Манифест, го упатуваме како израз на сериозна политичка намера, вредносна усогласеност и подготвеност за одговорно партнерство со Соединетите Американски Држави“, соопштуваат од Македонски Концепт.

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во Бирарија

Објавено пред

Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија. Проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат потешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општина Кисела Вода, информираат од општината.

dobivaj vesti na viber

-Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следи, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.

-Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители, нагласи градоначалничката.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет2 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет3 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет3 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет3 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа4 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет4 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет5 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија21 час

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија23 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија23 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет24 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет1 ден

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија1 ден

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 ден

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 ден

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија1 ден

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...