Црна хроника
Запленети 30 килограми марихуана на Табановце
На граничниот премин Табановце синоќа, околу 19.20 часот, мобилните царински екипи спречија обид за шверц на 30 килограми марихуанa.
Синоќа за излез од земјава на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило марка „шевролет орландо“ со полски регистарски ознаки, управувано од полски државјанин.
Возилото е селектирано за детална контрола откако царинските инспектори додека разговарале со возачот почувствувале непријатна миризба од возилото.
При деталниот преглед на возилото, во вратите, во наслоните на седиштата како и во задната десна и лева клупа пронајдени се вкупно 60 пакувања облепени со проѕирна фолија наполнети со марихуана што е утврдено со тестирање со тестери за дрога.
Пакувањата биле со различна тежина од 400 – 800 грама или вкупна тежина од околу 30 килограми.
Пољакот на 3-ти овој месец , од Сиков, Полска заминал за Саранда, Албанија каде стапил во контакт со двајца албански држајвани од кои едниот му обезбедил сместување во неговата куќа лоцирана на плажа.
Во вторникот утрото осомничениот му ги дал клучевите од возилото на албанскиот државјанин, а возилото му било вратено по неколку часа откако марихуаната била сокриена во него. Осомничениот по кратко време тргнал кон Полска, но истата вечер е откриен од страна на мобилната царинска екипа распоредена на граничниот премин Табановце.
Марихуана со ваков квалитет во големопродажба на нарко – пазарите во Европа достигнува цена до 20 илјади евра, додека на мало би можела да достигне и сума од 120 илјади евра, имајќи предвид дека една цигара од 2 грама се продава за цена од 20 евра на мало.
Од почетокот на годината откриени се вкупно 18 обиди за пренос на марихуана преку македонската граница, при што се запленети околу 663 кг марихуана.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

