Свет
Херој спречил поголем масакр, му ја истргал пушката на убиецот од Нов Зеланд

Еден од преживеаните во крвавиот напад во Нов Зеланд е Сајед Мажарудин, кој откри како бил спречен поголем масакр. Тој рекол дека во џамијата Линвуд имало околу 60 до 70 верници кога се случил нападот. Негов пријател, кој работи на обезбедување на џамијата, му ја оттргнал пушката од рацете на убиецот и го исфрлил надвор, за да спаси што повеќе луѓе.
„Луѓето се исплашија и почнаа да викаат, а јас се обидов да се скријам. Пријателот го оттурна убиецот и му го истрга оружјето. Трчаше по убиецот, а него го чекаа луѓе во автомобил“, рекол Мажарудин за „Њу Зеланд хералд“.
Тој го опишал крвавиот момент, кога убиецот влегол во џамијата и прво почнал да пука во повозрасните луѓе.
„Близу влезната врата седеа постарите луѓе кои се молеа. Прво пукаше во нив. Носеше заштитна опрема и дивјачки пукаше“, рекол Мужарудин, чии пријатели биле застрелани во глава и гради. Еден починал на лице место, а за другиот сè уште не знае како е.
„Истрчав сам, потоа дојде полицијата и не ми дозволија да се вратам. Не можев да го спасам пријателот. На брзата помош и`требаше половина час за да дојде, мислам дека тој почина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Инциденти пред зградата на Судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти барајќи итно ослободување од притвор на шест активисти од опозициските организации СТАВ (Студенти против авторитарната влада) и ПСГ (Движење на слободни граѓани), јавува Н1.
Novi Sad – blokada suda upravo ‼️ pic.twitter.com/zZIb3jmTC0
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) May 15, 2025
Активистите се во притвор веќе 60 дена, а вчера судот им го продолжи притворот за дополнителни 30 дена.
Толпата се собра и пред задниот влез во зградата, каде што околу педесет вработени се обидоа да влезат на своите работни места. Во тој момент, настанала тепачка меѓу насобраните граѓани и припадници на интервентната полиција кои се обидувале да им дозволат на вработените да поминат.
Guranje građana i policije ispred suda u #NoviSad na protestu podrške novosadskim aktivistima u pritvoru. pic.twitter.com/w9kWQSSEB6
— Radio 021 (@Radio021) May 15, 2025
Кога не успеале да го сторат тоа, жандармеријата била повикана на помош, а припадници на силите пристигнале во голем број. Ситуацијата ескалираше кога, според сведоштвото на студентка за Н1, кон граѓаните во првите редови бил фрлен солзавец.
Novi Sad
Policija primenjuje nasilje ❗👇 pic.twitter.com/xqKX4kJmTS— Ne lomite mi bagrenje (@janjic_vladan) May 15, 2025
„Не го правете тоа на невооружени луѓе, што правите, не на мирни граѓани!“ еден граѓанин им извика на полицајците преку мегафон, додека толпата извикуваше слогани како „Србија!“ и „Пуштете ги сите!“
Свет
Руте: Останувам претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е претпазливо оптимист во врска со можниот напредок во преговорите за Украина.
„Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците, може да се постигне напредок во следните две недели“, рече тој по пристигнувањето во Анталија, за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, пренесува Бета-АФП.
Но, за вистински да се продолжи со дискусиите, Русија мора да ја преземе и својата одговорност, рече Руте, потсетувајќи дека Украина, од своја страна, е подготвена да се вклучи во прекин на огнот и итни преговори.
Руските и украинските делегации се очекуваат денес во Истанбул, на првите директни разговори од пролетта 2022 година.
Деталите од состанокот, на кој рускиот претседател Владимир Путин одби да присуствува во оваа фаза, не се познати.
Свет
Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа: мртовечниците преполни со тела

Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањата продолжија низ Газа.
Според податоците од болниците, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, јавува Би-би-си.
Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било пријавено интензивно израелско бомбардирање.
Целта на нападот беше Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.
Извор од болницата „Насер“ во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодија куќи и шатори каде што беа сместени раселени семејства во градот и неговата околина.
Локалните новинари известуваат дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на одделот за итни случаи се полни со ранети.