Свет
САД и ЕУ ѝ воведоа нови санкции на Русија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/mkk5wxym1n0uzfpdi5ry.jpg)
САД се договорија со ЕУ, Австралија и Канада да им воведат нови санкции на руските лидери, поради продолжувањето на агресијата во Украина, соопшти американското Министерство за финансии.
Против шестмина челници, воведени се санкции поради заплена на украински бродови во Керч, во близина на Крим и поради нивното помагање на бунтовничките сепаратисти во источна Украина.
Со санкциите им се замрзнува имотот и се забранува трговија со нив.
„Откако Русија ја почна својата агресивна кампања против Украина и окупацијата на Кримскиот Полуостров, покажавме, заедно со прекуатлантските партнери, одлучно противење на незаконското делување на Русија, па и на нејзините напади во теснецот Керч“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Како што се додава во соопштението, ја повикуваат Русија да и` ги врати на Украина бродовите и заробените членови на екипажот, да го почитува суверенитетот и интегритетот на украинската територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Зеленски: Нападите врз Киев покажуваат дека Путин не се подготвува за мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/zelenski45.jpg)
Денешните руски ракетни и беспилотни напади врз Киев покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во денешните напади на пет квартови на Киев, најмалку едно лице загина, а тројца се ранети, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
„Путин не се подготвува за мир. Тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни мерки и притисок врз Русија можат да стават крај на овој терор“, рече Зеленски.
„Она што ни треба сега е единство и поддршка на сите наши партнери во борбата за праведен крај на војната“, додаде тој.
Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за размена на територија со Русија, како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави.
Свет
Потврдено: во Украина убиен првиот Швајцарец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/shvajcarija-EPA.jpg)
За прв пат од почетокот на руската инвазија во 2022 година, швајцарски борец загина на бојното поле во Украина.
Швајцарската амбасада во Киев била информирана за неговата смрт на почетокот на годината, соопшти денеска швајцарското министерство за надворешни работи.
Според швајцарските медиуми, службата во странски армии, како што е платеничкиот ангажман, според швајцарскиот воен кривичен закон се казнува со казна затвор до три години или парична казна.
Свет
Кремљ: Ослободивме американски учител во замена за Русин од затвор во САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/ce9d8325-d442-4f5e-87ae-88b2f2a87e2e.jpg)
Кремљ соопшти дека руски државјанин бил ослободен од американски затвор во замена за ослободување на американскиот учител Марк Фогел.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот државјанин ќе се врати дома во наредните денови и дека тогаш ќе биде објавено неговото име.
Песков ги информираше новинарите еден ден откако Русија го ослободи Фогел од затвор во дипломатски договор за кој американскиот претседател Доналд Трамп рече дека може да помогне да се стави крај на руско-украинската војна.
Коментирајќи ги тврдењата на Трамп дека тоа може да помогне да се стави крај на војната, Песков рече дека веројатно нема да биде пресвртна точка, но ја опиша размената како постепен чекори кон зголемување на меѓусебната доверба, која сега е на многу ниско ниво.
63-годишниот Фогел отслужувал 14-годишна затворска казна за шверц на дрога, откако бил фатен на московскиот аеродром со мало количество марихуана.
Вчера отпатува за Вашингтон, каде заедно со Трамп го прослави ослободувањето во Белата куќа.
Трамп рече дека ослободувањето на Фогел „може да биде многу важен дел“ за ставање крај на тригодишната војна во Украина.
Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц рече дека Фогел е ослободен со преговарачка размена „што служи како знак на руската добра волја и знак дека се движиме во вистинската насока кон ставање крај на бруталната и ужасна војна во Украина“.
Трамп рече дека уште едно лице ќе биде ослободено во среда, но не ги именуваше.
Тој ги нарече условите за ослободување на Фогел „многу фер“.
„Русија се однесуваше со нас многу убаво. Всушност, се надевам дека ова е почеток на односите каде што можеме да ставиме крај на оваа војна во Украина и убиствата на милиони луѓе“, рече Трамп, пренесуваат светските медиуми.
Фогел беше предаден на пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој во вторникот ненајавено дојде во Москва за да го земе.
„Вашингтон пост“ објави дека, според водителот на „Фокс њуз“, Шон Ханити, Виткоф, инвеститор во недвижнини и долгогодишен пријател на Трамп, одржал состанок со Путин кој траел три и пол часа.
На прашањето што дале САД во замена за Фогел, Трамп претходно им кажа на новинарите „не многу“ и го нарече ослободувањето, руски знак на добра волја.