Спорт
Подарок пенал и гол од офсајд, Сити го минаа Свонси во ФА купот (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити надоместија негатива од два гола и се пласираа во полу-финалето во ФА купот. Сити кај Свонси победија 3:2.
Свонси, до минатата сезона член на Премиер лигата, по 30 минути игра имаше предност од 2:0.
Најпрвин Гримс постигна гол од пенал во 20 минута, а девет минута подоцна голот на Сити го погоди Целина.
Во второто полувреме играчите на Пеп Гвардиола ги искористија шансите и ги наплатија сите промашувања од првото полувреме.
Бернардо Силва намали на 2:1 во 69 минута, а во 78 Сити добија подарок пенал. Агуеро го израмни резултатот. Аргентинецот имаше многу среќа бидејќи топката од дирекот се одби од голманот Нортфелд и заврши во голот.
Конечниот резултат, од офсајд што не беше забележан од судиите, го постави Агуеро со својот втор гол во 88 минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Донарума: Најдобро што може да му се случи на еден фудбалер е да го тренира Гвардиола

Џанлуиџи Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер сити во финишот на преодниот рок. Дебито треба да г има против Манчестер јунајтед, дербито е в недела.
Италијанскиот голман не можеше да најде заеднички јазик со Парижаните во врска со продолжувањето на договорот и се пресели во Премиер лигата. Донарума би можел да биде на голот на Сити во недела во 17:30 часот против Манчестер јунајтед, а по потпишувањето рече:
„Да бидеш трениран од некој како Пеп Гвардиола е најдоброто нешто што може да му се случи на еден фудбалер. Тој сакаше да дојдам. Горд сум на тоа“, рече Донарума.
Донарума ја започна својата кариера на многу млада возраст, на 16 години стоеше на голот на Милан, пред да се пресели во ПСЖ во 2021 година. Таму остана четири години и ова лето потпиша за Манчестер сити во трансфер вреден 30 милиони евра.
Спорт
И Мото ГП сега има Куќа на славните

Мото ГП шампионатот и досега имаше посебно место за своите легенди, а од четврток има и официјална Куќа на славните, која беше откриена во пресрет на Големата награда на Сан Марино во Римини оваа недела.
На посебен настан во Римини, се собраа најголемите ѕвезди на мотоциклизмот кои повеќе не се активни, а кои меѓусебно имаат 23 титули и повеќе од 300 победи. Легендите кои повеќе не се со нас: Умберто Масети, Џеф Дјук, Џон Сартис, Мајк Хејлвуд, Фил Рид и Бери Шин, први беа примени во Куќата на славните.
Присутните ги предводеше најтрофејниот возач во историјата – Џакомо Агостини, кој во текот на својата кариера освои неверојатни 15 титули и забележа рекордни 122 победи.
По него следеа Кени Робертс, Фреди Спенсер, Еди Лосон, Вејн Рејни, Мик Дуан, Кејси Стонер, Дани Педроса и човекот кој е најзаслужен за најголемата популарност на Мото ГП шампионатот, Валентино Роси.
Сите тие добија медали во чест на влегувањето во Куќата на славните, но и плакети што одат во Кулата на шампионите, која му се доделува на шампионот од кралската класа.
Кулата на шампионите, патем, претрпе измени во однос на оригиналната верзија, во согласност со новиот идентитет на најспектакуларниот спорт во светот, како што го промовираат оние што го водат.
Секако, првиот сопственик на новиот трофеј ќе биде Марк Маркез, кој не може да ја обезбеди титулата овој викенд, но ќе ја има својата прва шанса за две недели, во Јапонија.
Вниманието сега е насочено кон самата патека, бидејќи акцијата за Големата награда на Сан Марино и Римини започна во Мизано и продолжува до недела.
Foto/ motogp.com
Спорт
ФИФА пресуди – Лапорт се враќа дома

Францускиот Баск, Ајмерик Лапорт се врати во Атлетик Билбао.
Лапорт успеа во намерата да се врати на „Сан Мамес“, каде што помина шест години, пред да замине во Манчестер сити во 2018 година.
Трансферот на искусниот стопер од Ал Наср во Атлетик прво не успеа, бидејќи Саудијците доцнеа со поднесувањето на документите, но по жалбата на 31-годишникот, неговото заминување од Арабија беше овозможено од ФИФА.
Лапорт официјално објави дека се враќа во Баскија и предизвика возбуда кај навивачите на клубот од „Сан Мамес“.
Во кариерата репрезентативецот на Шпанија има одиграно 222 натпревари за Атлетик.