Црна хроника
Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа

(Фото: Илустрација)
Триесетгодишен мотоциклист од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на автопатот Градско-Велес.
Мотоциклистот загинал при директен судир со комбе, а според информациите од полицијата тој веднаш им подлегнал на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со „јагуар“ побегнал од полицијата и удрил во товарно возило: уапсен маж баран по потерница

Ha 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.З.(25) од с.Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран по потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Претходно, на локалниот пат Арачиново – населба Ченто, со патничко возило „јaryаp“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење на автопатот кон Тетово, по што кај клучката Стајковци со возилото удрил во товарно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки и набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
Црна хроника
Приведено лице, бил соизвршител на кривично дело убиство во обид

На 05.10.2024 на улица „Цветан Димов“ во Скопје, Б.Б. од Скопје од огнено оружје пукал кон А.Б. од Скопје и му нанел прострелна рана, по што Б.З. му помогнал со возило да го напушти местото.
На 01.11.2024 против двајцата е поднесена кривична пријава, а во отсуство на Б.З. му била определена мерката притвор.
Црна хроника
Приведени дрвокрадци во Неготинско

Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н. Н. (21), Ф. М. (21) и С. А. (25), сите од село Криволак, Неготинско.
Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.
Притоа Ф. М. и С. А. побегнале, а Н. Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторната пила по што бил приведен во полициска станица.
Набргу, по преземените мерки, биле пронајдени и приведени и Ф. М. и С. А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.